Со пригодна свеченост пред споменикот на Тарас Шевченко во центарот на Скопје, Амбасадата на Република Украина во Северна Македонија денес ќе го одбележи 24 Август – Денот на независноста на Украина.
Одбележувањето ќе започне со симболична поворка со знамето на Украина до Украинската алеја, по што ќе се обратат вршителот на должност амбасадор на Украина во Република Северна Македонија и претставникот на Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“.
Посетителите ќе можат да ја погледнат и изложбата со цртежи изработени од деца од регионот Никопол, кој беше цел на руската агресија, соопштуваат од Амбасадата..
М. Д.