Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хроника на една смрт: Случајот Тамара и кој стои зад нашата трагедија

0
By Менче Атанасова Точи on February 16, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 16, 2015 16:29

Поразителен е фактот дека еден  детски живот згасна заради популистичка метода на челниците во здравството, со која сакаа да добијат политички поени.  Пеколниот план, кој излезе на виделина, а надлежните не сакаа да го признаат, всушност бил Тамара да биде оперирана кога ќе се промовира Центарот за сколиоза.

Тоа е Центар што никој не знае каде се наоѓа и кој оперира во него. Центар кој е  без обучен кадар, со лекари кои не се доволно кадри да оперираат вакви и слични  случаи.  Од намерата да експериментираат со девојчето ги одврати турскиот лекар кој рече дека нема можности Тамара да се оперира во Македонија.

Тогаш почнаа калкулациите каде и за колку пари ќе се оперира Тамара. Така се изгуби и последното драгоцено време кое и преостана на Тамара. Малото срце немаше време за чекање. Во Центарот за сколиоза беше оперирано друго девојче, за кое не знаеме како заздравува, дали е успешна операцијата, и каде ќе го продолжи третманот понатаму, бидејќи сколиозата бара комплексно лекување, не само операција.

Доколку надлежните вистински сакаа да отворат Центар за сколиоза требаше да погледнат во соседството, во Институтот за ортопедско-хируршки болести во Белград на пример, каде повеќе од 50 години успешно се третираат вакви и слични случаи. Таму се лекуваа сите деца од поранешните југословенски простори со проблеми како Тамара и успешно беа излекувани.

Немаше потреба да се лута и на интернет да се бараат лекари од Турција, особено што за некои од тие што дале понуди во Фондот, во нивната земја со сигурност се знае дека се далеку од стручни.

Во земја каде се се сведува на импровизација, цената се плати со детски живот. Тамара не доби можност за лекување што беше нејзино законско право, не доби шанса за живот. Нејзината верба во ова општество, во лекарите, во институциите, во комисиите, во новинарите, во сите нас, е она што најмногу боли во моментот.

Сите можеа да направат повеќе, но главните актери на кои им паднаа маските за почеток најмалку што треба да направат, е да си заминат.

Во изминатиот период во моето работење како новинар се сретнав со многу деца кои чекаа за лекување во странство. Многу од тие судбини ги доживеав емотивно, зашто во такви ситуации  кога станува збор за деца нема цврста линија меѓу професијата и емоцијата. Парите во Фондот секогаш биле проблем кога се работи за лекување надвор од државата. Често мораше да се притиска, за да се извојува битката.  Многу деца се спасија, благодарение на медиумскиот притисок, но некои заминаа во вечноста.

Тамара не е единствен трагичен случај на оваа власт. И ден денес пред очи ми е ликот на малата Стефанија, малата убавица со кадрава коса и прекрасни очи, во моментот кога заминував од нејзината куќа, а таа стои зад завесата и ми мавта со рака во знак на поздрав. Тоа беше нашата последна средба пред да замине во Холандија, а потоа и засекогаш од овој свет. Фондот за здравство долго калкулираше со парите, се изгуби скапоцено време. Паднаа и многу обвинувања од челниците на Фондот на моја сметка бидејќи преку сториите кои одеа на А1, се изврши силен притисок за да го добие потребното лекување. И покрај тоа, верувам дека нејзината смрт се уште не им дава мир на некои луѓе.

Деновиве слушам за правилна распределба на средствата. Авторот на текстот „За Тамара и другите деца“, Владимир Лазаревиќ, основач на меѓународниот интернет проект„ Хелтгрупер“, кој меѓу другото беше и поранешен заменик министер за здравство, пишува за етичките проблеми и дилеми со кои се соочува Македонија во овој контекс и вели дека „едноставно решение за нив нема да има“.

Но, она што ни го нуди е „јасен, транспарентен процес на одлучување, кој ги согледува сите можни аспекти на конкретниот случај, но и ќе ги земе во предвид импликациите на нивните одлуки за сите останати случаи кои ќе се појават во идинина“. Тоа можеме и мора да го направиме за да бидеме правични кон сите, но највеќе пред самите себе, пишува Лазаревиќ кој, за воља на вистината имаше можност да ги смени работите, да направи дури и повеќе додека беше на функција.

Зарем е возможен трансперентен процес на одлучување кога во Фондот кријат кои се членовите на Комисиите, а не пак друго?

Во Фондот за здравство финансиските средства никогаш не се распределувале правично. Во земја во која роднинските и пријателските врски се над законите и етичките принципи не може да се разговара за правилна распределба на средства. Особено не сега, кога партиското влијание е над човечкото, а транспарентноста е забранета категорија.

Како новинар што работи на оваа проблематика, сакала или не, слушнав за многу луѓе кои заминале во странство иако можеле да се лекуваат и тука. Но, знам и за деца кои тивко умираат бидејќи државата не сака да одвои пари( парите постојат само на хартија или се прераспределуваат на други места) за нивно лекување внатре во државата. Тоа се децата со ретки болести. За нив постојат лекови кои државата не сака да ги набавува зашто се скапи, а плаќа за операции кои се резултат на компликации од болеста. Овие деца немаат можност да пораснат.

Нивниот живот трае кратко зашто Македонија, ете била сиромашна земја. Каква иронија! Имаме 200, 300 или 500 милиони евра за китење на градот со разно- разни споменици кои треба да ни ги зголемат патриотските чувства, а деца умираат зашто нема пари за нивно лекување. А, знаете ли колку чинат солзите на една мајка? Знаете ли дека детскиот живот или животот на било кој човек нема цена?

Случајот на Тамара ја отвори пандорината кутија. Тамара ни го покажа моментот на вистината. Се разоткри како функционираат Фондот и Министерството за здравство, а како Комисиите составени од лекари, послушници кои чекаат наредба од „горе“. Слушнавме кој е тој што издава наредби, кој одлучува кој ќе живее, а кој не. Затоа трогателните изјави пред камерите на министерот Тодоров и директорите во Фондот веќе не поминуваат. Ништо не може да ги амнестира од нивната одговорност.

Затоа , сега е моментот да се стави ред, да се расчисти со збирштината, лагите и лицемерието. Сега е момент да се сменат работите. Тамара ни ги отвори очите. Нејзината смрт донесе голема тага, но прати и голема порака: „Да се стави крај на едно манипулативно користење на парите на осигурениците, за никогаш повеќе да не се повтори вакво нешто“. А, тоа е можно само ако човечкиот живот е над партиските и лични интереси на одредени функционери за кои власта е единствената и најважна работа во животот. Токму затоа, оставка на министерот Тодоров или на директорите на Фондот Парнаџиева и Мехази, на членовите на Комисиите, не е доволна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.