Припадниците на елитната команда за специјални операции (СЕК) вечерва извршија рација во Центарот за сместување бегалци во Солинген како дел од потрагата по напаѓачот кој вчера вечерта уби три лица, а рани осум на фестивал во центарот на градот.
Според непотврдени првични информации, уапсен е сиријски државјанин.
Центарот за сместување на баратели на азил е оддалечен само 300 метри од Фронхоф, местото на вчерашниот напад, а на 150 метри од местото каде што истражителите попладнето пронајдоа оружје – нож со кој атентаторот во петокот вечерта уби три лица, а осум тешко рани.
Како што дознава „Билд“, полициското куче ги водело истражителите директно од местото каде што е пронајден ножот до домот за баратели на азил.
Специјалната единица потоа ја опколила зградата и конечно упаднала во 20 часот и 18 минути. Оттогаш, неколку жители на Центарот се сослушани.