Јас и натаму верувам дека животот ќе ги победи идиотите на вмро прво затоа што се идиоти и второ затоа што зад себе го влечат зелениот мрсул на минатото кој едно време ги фаворизираше, но сега ги хендикепира.
Бранко Тричковски
“Ние владееме со животот, Винстоне, на сите нивоа. Ти замислуваш дека постои нешто што се вика човекова природа која ќе се скандализира од она што го правиме и ќе се сврти против нас. Но, човековата природа ја создаваме ние. Луѓето се бескрајно ковки.”
Од оваа реплика на владиниот агент О’Браен ми се леди крвта во жилите затоа што знам дека звучи поубедливо од надежда на човекот што О’Браен го мачи, Винстон, значи, Смит, кој во Орвеловата “1984”, вели:
“Знам дека нема да успеете. Нешто ќе ве победи. Животот ќе ве победи.”
Така велам јас за Македонија.
Јас и натаму верувам дека животот ќе ги победи идиотите на вмро прво затоа што се идиоти и второ затоа што зад себе го влечат зелениот мрсул на минатото кој едно време ги фаворизираше, но сега ги хендикепира. Но, на нивна страна е и констатацијата дека луѓето се ковки (луѓе кои бараат потпирачи). При што никој не е поголем ковки од Македонецот.
Клучниот момент од репликата на О’Браен е ставот дека тие ја создаваат природата на човекот. Ако во тоа успеат комитите тоа ќе биде дефинитивен крај на Македонија. Тоа е кошмарниот момент во романот на Орвел. Тој роман и нашата стварност се јасен опис на животот каков што би бил ако репресивните елементи на општеството и власта се екстраполираат во иднината.
И затоа е важно да се реагира бргу и да се растураат сите обиди на вмро од Македонците на направи идиоти.
Многумина се веќе преобратени, но оние што се останати нормални мора да ги мобилизираме а не да ги оставиме да бидат следни жртви.
Ние ќе ја менуваме нашата природа, тоа е неизбежно и потребно, но не смееме таа работа да им ја оставиме на биоинженерите со вечерно школо е дипломи од шапирографот на Горското началство.
Од Фејзбук ѕидот на авторот