Две лица загинаа, а трето е тешко повредено при експлозија на гума на авион „Делта“ на меѓународниот аеродром Хатерсфилд Џексон во овој американски град во Џорџија.
Експлозијата се случила во делот за одржување на аеродромот околу пет часот наутро по локално време. Еден вработен во компанијата „Делта“ и еден од работниците ангажирани за одржување на авиони загинале на лице место, додека третото лице е тешко повредено.
Авионот требало да е на линија од Лас Вегас за Атланта. Не е јасно што ја предизвикало експлозијата.