Аеродромите во Европската Унија од 1-ви септември ги менуваат правилата за рачен багаж, а тие се однесуваат на течности и електронски уреди што ги носат патниците. Причината се новите скенери за кои Европската комисија тврди дека не се доверливи, а аеродромите што користат ваков тип на скенери ќе мора да се вратат на стариот модел поради што се очекува метеж бидејќи самата проверка ќе трае подолго.
Димензиите на рачниот багаж, вклучувајќи ги рачките и тркалата, не смее да надминуваат 55 x 40 x 20 сантиметри, а личниот предмет, како што се чанта, ранец или торбичка за лаптоп, мора да биде помал од 40 x 30 x 15 сантиметри и да одговара да се стави под седиштето пред вас. Линк