НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не може, а со власт на вмро да не се создадат болни, пеколни проблеми во образованието

0
By Zoran Ivanov on August 31, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Им го прекинаа стажот на образовните асистенти – зошто? Нема ни спомнување дека и на првиот училишен ден тие се невработени, а камоли објаснување за тоа. Огласите се само завршени, но не се комплетно „спроведени” како што се тврди во „веста” на страната на МОН, бидејќи процесот на селекција не е завршен, а камоли распределбата по училишта од страна на ресурсните центри.

Емилија Целакоска

Не може, а со власт на вмро да не се создадат болни, пеколни проблеми во образованието. Од средена работа! Не може. Ова МОН, под таканареченото „вмро”, е една космичка катастрофа

Министерството за образование и наука напишало една мисинформативна популистичка вест за народни маси на својот сајт, за божем, отпочнување на работата на првиот училишен ден на 815 (во насловот и 1000) образовни асистенти.

https://mon.gov.mk/content/?id=8752

Тоа го прави во тек на викендот, на 31 август, ви се молам, непосредно пред првиот училишен ден, за случајно некој да не рече – нема асистенти. А вистината е дека нема на државно, одјавено им е вработувањето во МОН.

Патем, проверете само кога се објавувала (вистинита!) вест за образовните асистенти претходните години кога навистина почнувале со работа од 1 септември и притоа – вработени. И не во облик на „ЌЕ” туку со завршен процес! Крајот на јули! А сега, на 0 работни денови пред школо, објавуваат некое контрадикторно дрдорење, со незавршен процес и мисинформации! Небаре заинтересираните за проблемот се некоја неписмена маса што поим нема како стојат работите на терен!

Прво: Што значи за децата на кои им се потребни образовни асистенти тоа што новава, таканаречена влада ИМ ГО ПРЕКИНА СТАЖОТ на асистентите, а огласите задоцнија?

-ДЕКА НИЕДНО ДЕТЕ НЕМА ДА ИМА ОБРАЗОВЕН АСИСТЕНТ НА 2 СЕПТЕМВРИ! (Од оние што државата ги ангажира!)

Така што, правењето паднати од Марс на крајот од „веста” која не е никаква вест

(„…Доколку се случи ученик со попреченост да нема образовен асистент од првиот училишен ден,…”)

е замајување. Кое натаму си продолжува со миење раце од сопствената неодговорност:

„…УЧИЛИШТАТА СЕ ДОЛЖНИ преку училишниот инклузивен тим, а во соработка со ресурсните центри да ја обезбедат потребната поддршка на ученикот за успешно отпочнување на образовниот процес.”

Ма, кој тим, БЕЗ АСИСТЕНТ? Кога, тоа, училиштето да обезбеди поддршка „во соработка со ресурсните центри” на првиот училишен ден кога на 31 август за викенд соопштуваат ваква „должност” на училиштето?!

Им го прекинаа стажот на образовните асистенти – зошто? Нема ни спомнување дека и на првиот училишен ден тие се невработени, а камоли објаснување за тоа. Огласите се само завршени, но не се комплетно „спроведени” како што се тврди во „веста” на страната на МОН, бидејќи процесот на селекција не е завршен, а камоли распределбата по училишта од страна на ресурсните центри.

Второ, пред да биле ангажирани асистентите, сега, допрва ќе поминувале низ обука?! А кај децата – кога мислат да бидат распоредени тие асистенти – ВО ДЕКЕМВРИ ли?!

(„…Досега спроведени се целосно огласите за 815 образовни асистенти, а обезбедени се средства и согласности за дополнителни 200, кои по изборот преку јавни огласи, пред да бидат ангажирани ќе поминат дополнителна обука за квалитетно извршување на предвидените работни обврски..”)?!

И трето, додека не заврши селекцијата на асистенти, некој под маса ги заплашува невработените асистенти дека ќе ги дознаеле ако работеле приватно и немало да ги изберат на конкурсот. На 0 работни денови пред учебната година, очигледно си прават некое партиско филтрирање. На луѓе.кои се скоро со минимална плата, еј, која срамота. Дополнителен сладострасен ефект на партиските црева со овој тонч им е тоа што родителите не можат да најдат на време ни приватно асистент! Да имаат кошмари заедно со дечињата – на првиот училишен ден!

Грев ќе ве фати вмро, болен и пеколен грев. Ќе ве боли и пече секој ден, со поколенија оти земате од деца со посебни образовни потреби нешто што им следува.

 Од Фејзбук ѕидот на авторката

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.