Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народниот правобранител упатува апел до сите чинители во воспитно-образовниот процес, како и до родителите, да дадат максимален влог во воспитувањето и образованието на децата

0
By Marija Todorovska on September 2, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 2, 2024 12:59

Народниот правобранител на почетокот на учебната година на сите ученици им посакува успешна учебна година, исполнета со добро здравје и среќа, во која покрај стекнување на нови знаења, умеења и вештини и проширување на стекнатите, ќе биде година исполнета и со стекнување на другарства кои ќе се базираат на меѓусебно разбирање и почитување.

Во оваа прилика, Народниот правобранител упатува апел до сите чинители во воспитно-образовниот процес, како и до родителите, да дадат максимален влог во воспитувањето и образованието на децата, со обезбедување на неопходната поддршка, внимание и грижа, при тоа секогаш тргнувајќи од најдобриот интерес на детето, почитувајќи ги децата како носители на права и со нивно вклучување во процесите на донесување одлуки кои се однесуваат на нив, на децата.

Народниот правобранител ги потсетува креаторите на политиките во образованието дека основното и средното образование се задолжителни и бесплатни, а обезбедувањето учебници, наставни средства и дидактички материјали, бесплатен превоз на учениците, се само дел од предусловите за непречено одвивање на квалитетен образовен процес за сите деца, при што максимално да се заложат за вклучување во образование и на децата од ранливите и маргинализирани групи, преку обезбедување на услови за редовност во наставата.

Следењето на состојбата со инклузивното образование за учениците со попреченост останува да биде во фокусот на Народниот правобранител и во учебната 2024/2025 година. Следствено, Народниот правобранител ја цени заложбата на Министерството за образование и наука  за  дефинирање нови решенија во законите за основно, средно и средно-стручно образование, при што потенцира дека какви било измени и дополнувања на регулативата, треба да се во насока на почитување на принципот на најдобар интерес на детето и правата кои произлегуваат од Конвенцијата за правата на детето и Конвенцијата за права на лицата со попреченост.

Во овој контекст, тргнувајќи од значењето на образованието за развојот на личноста на детето, Народниот правобранител потсетува на обврската за обезбедување на правото на образование на секое дете без дискриминација, и врз основа на еднакви можности, во инклузивен систем на образование на сите нивоа, при што децата со попреченост не се исклучени од бесплатно и задолжително основно или средно образование врз основа на попреченост. Воедно, треба да се осигура разумно прилагодување за децата со попреченост, како и добивање на потребната поддршка, односно индивидуализирани мерки за поддршка, во рамките на општиот образовен систем заради нивно ефикасно образование и максимизирање на академскиот и социјалниот развој.

Народниот правобранител, го потенцира ставот на Комитетот за правата на лицата со попреченост при Обединетите нации дека „Инклузивното образование треба да се сфати како основно човеково право на сите ученици. Образованието е право на поединечниот ученик/дете, а не право на родителот. Родителските права и одговорности во овој поглед се подредени на правата на детето. Сите мерки за поддршка на учениците со попреченост треба да бидат во согласност со инклузијата, да се наменети за јакнење на можностите на овие ученици да учествуваат во училницата и надвор од неа, во училиштето, заедно со своите врсници, наместо да се сегрегирани во посебни училишта.“  Во овој контекст, Народниот правобранител апелира на исполнување на обврската за преземање мерки кон унапредување на инклузивното образование, укажувајќи дека секоја ретроградна мерка во тој поглед е недозволива и на штета на детето.

Народниот правобранител, посакувајќи им среќа и успешна училишна година упатува апел до децата/учениците, првенствено да се информираат и да знаат кои се нивните права, а секое евентуално недоразбирање со соучениците/врсниците да го решаваат преку разговор/дијалог,  со помош и поддршка од стручните служби во училиштето. Воедно, апелира до родителите/старателите и наставниците да бидат постојана поддршка на децата/учениците во насока на препознавање на случаи кога нивните права не се почитуваат, запознавајќи ги со механизмите за заштита на правата на детето, меѓу кои и Народниот правобранител,  како инстутуција, во која во секое време можат да се обратат за да пријават евентуални повреди на правата, а Народниот правобранител согласно неговите ингеренции ќе преземе мерки за нивно решавање, надминување и унапредување на правата на секое дете, на подеднаква основа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.