Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ана Дурловски и Симон Трпчески ги добија наградите „Виртуози

0
By on March 3, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 3, 2013 12:09

Вчера, во Македонската опера и балет, свечено беа доделени нововостановените награди “Виртуози“ за особени достигнувања во областа на на класичната музика, што ги доделува Сојузот на композиторите на Македонија.
Годинешни, први добитници на наградата се: Ана Дурловски за најдобар музичко сценски уметник, а во категоријата меѓународна афирмација – Симон Трпчески е добитник на наградата „Виртуози“.
Најдобар камерен оркестар е „Мјузик прогресив квартет“. Марко Коловски ја доби наградата за своите достигнувања во областа на музичката публицистика. Македонската филхармонија доби награди во две категории: најдобар голем ансамбл и музички организатор. Најдобра музичка манифестација е „Денови на македонска музика“. Наградата “Виртуози“ за најдобар композитор ја доби Дарија Андоновска, а за музички изведувач Марија Вршкова. Награда за најдобар млад музичар му припадна на Дино Имери

За наградените одлучувало 11-члено стручно жири – музички и балетски уметници, педагози и теоретичари. Наградата е статуетка од авторката Виолета Коцев, која беше избрана на конкурс.

Според претседателот на СОКОМ Сони Петровски, целта на манифестацијата и наградата „Виртуози“ е да им се даде признание на уметниците, да се поттикнуваат на креативни проекти и да се афирмира класичната музика која е малку застапена во медиумите.

Манифестацијата ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, а наградите на добитниците им ги врачија: Мелпомени Корнети, Велко Тодевски, Влатко Стефановски, Љубомир Бранѓолица, Оливер Белопета, Милка Ефтимова, Владимир Георгиевски, Драган Даутовски и Глигор Чемерски.

Пред публиката во МОБ настапија Женскиот хор при Младинскиот културен центар, младата виолинистка Ева Богоевска, пејачите Иван Наумовски и Наде Талевска и балерините Викторија Илиоска и Елена Ристеска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.