Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наумовски Викиус: ЕУ е Мојата визија за иднината на Македонија

0
By Zoran Ivanov on September 3, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 3, 2024 13:28

Интервју со Самуел Наумовски Викиус – македонскиот Швеѓанец и шведскиот Македонец

Дипломатите се нашите амбасадори, гласот на Македонија во светот и нивната работа е од клучно значење за заштита на нашите права, промоција на нашите економски и политички интереси, како и за јакнење на нашата меѓународна позиција.

Како млад политичар со шведско и македонско потекло, Самуел Наумовски Викиус е атрактивен и посакуван соговорник од неколку причини. Тој е податлив за темите за политиката и младите, за компарациите за неа во неговата родна Шведска каде што политички е активен и во неговата сакана Македонија е во политичката партија Македонски Концепт каде што е потпретседател задолжен за дипломатија и надворешна политика.

Мојата визија, вели Наумовски Викиус, е јасна: нова иднина за Македонија преку интеграција во Европската унија, зајакнување на односите со САД и Западот, како и создавање професионална дипломатија која кој ќе ги претставува македонските интереси на глобално ниво.

Нова: Вие сте млад човек растен и образуван во развиено демократско општество но зошто токму со политика, од каде толку рано страст за политиката, кои се Вашите мотиви?

Наумовски Викиус: Политиката е средство преку кое можеме да направиме вистински промени во општеството, а за мене, грижата за заедницата и желбата да придонесам кон нејзиниот напредок се длабоко вкоренети мотиви. Од млада возраст во Шведска бев сведок на тоа како младите активно се вклучуваат во политиката и го користат својот демократски глас за да влијаат врз одлуките што ги засегаат нив и идните генерации.

Оваа култура на ангажираност и отвореност кон политичкиот дискурс ме инспирираше да ја прифатам политиката како алатка преку која можам да работам за подобро утре, не само за себе, туку и за целото општество. Моите мотиви се едноставни: верувам дека секој од нас има одговорност да придонесе кон заедницата во која живее и да се стреми кон создавање на општество во кое сите ќе можат да напредуваат и да ги остварат своите потенцијали.

Нова: Во Македонија, зошто токму во Македонски Концепт?

Наумовски Викиус: Партијата Македонски Концепт е длабоко посветена на идејата за интеграција во Европската унија. За нас,нејзините фундаментални вредности и постулати, како на пример, граѓанскиот устав е најдоброто решение за иднината на Македонија во рамките на ЕУ. Ние силно веруваме дека македонското општество треба да ги прифати и да ги спроведе европските вредности и стандарди како основа за напредок и просперитет.

Веруваме дека на Македонија и треба Устав кој нема да буди сепаратизам, нема да остава простор за делење според етничка,верска или друга основа, туку сите граѓани ќе бидеме еднакви пред законот и ќе треба сите да работиме за истите цели, за нова иднина на Македонија. Овој модел на устав е веќе воспоставен во многу европски земји кои се атрактивни за живот и тие се земени за пример по ова прашање и од страна на мојата овдешна политичка партија.

Со усвојувањето на граѓански устав, Република Македонија ќе направи значителен чекор напред во својата евроинтеграција. Европската унија бара од своите членки да обезбедат рамноправност и инклузивност во општеството каде што правата на сите граѓани се почитуваат без оглед на нивната етничка припадност. Ваквиот  Устав ќе го забрза процесот на пристапување во ЕУ покажувајќи дека Македонија е подготвена да ги прифати и примени европските вредности и принципи.

Нова: Мислите ли дека актуелниот Устав не ги задоволува потребите на македонското општество?

Наумовски Викиус: Дефинитивно. Многу е важно, граѓанскиот уставот да е во функција за да го јакне општественото ткиво на земјата и наместо како до сега, граѓаните да се оптоварени со теми кои не` разделуваат, граѓанскиот устав ќе обезбеди сите заедно да се фокусираме и заедно да работиме на цели кои обединуваат и кои еднакво нудат просперитет за сите. Ова ќе овозможи создавање на стабилна, просперитетна и демократска држава, каде што секој граѓанин ќе има еднаква шанса за успех и просперитет, независно од тоа кој е и од каде доаѓа.

Нова: Дипломатијата, најавивте, е ваш посебен интерес и дали е таа и Ваша личен но кариерен предизвик?

Наумовски Викиус. Еден од клучните аспекти на нашата работа е подобрувањето на дипломатскиот кор односно јадро, кој ја претставува Македонија во светот. Треба да ги усовршиме нашите дипломати, да ги направиме вистински амбасадори на Македонија. Дипломати кои ќе ги заштитуваат македонските права и ќе работат за нова иднина за сите нас.

Дипломатите се нашите амбасадори, гласот на Македонија во светот и нивната работа е од клучно значење за заштита на нашите права и промоција на нашите економски и политички интереси, како и за јакнење на нашата меѓународна позиција.

Со подобрување на дипломатскиот кор, Македонија ќе може поефективно да се справува со глобалните предизвици, да гради позитивни односи со другите држави и да обезбеди поддршка за своите стратешки цели, вклучувајќи го и членството во ЕУ. Високообразовани, искусни и способни дипломати ќе бидат во состојба да ја промовираат Македонија како стабилен и доверлив партнер, што е клучно за привлекување на странски инвестиции и зајакнување на економската соработка со други земји.

Поради сето ова, Македонски Концепт става посебен акцент на важноста од реформи во дипломатскиот сектор и инвестирање во иднината на нашите дипломатски претставници, бидејќи, само преку силна и професионална дипломатија, Македонија може да го заземе своето заслужено место на светската сцена на држави и да обезбедува нова иднина за своите граѓани.

Нова: Како гледате на македонска политичка ситуација, на актуелните релации со соседите на закочените ЕУ процеси?

Наумовски Викиус Сакам да го искажам мојот оптимизам. Мислам дека земјата е на прагот на значајни промени. Очекувам многу работи да се променат бргу, сега. Се надевам и на нова иднина. Очекувам нашите политичари да отворат простор за нови млади лица кои ќе ја обликуваат заедничката нова иднина на Македонија. Партијата Македонски Концепт, заедно со нашата коалиција “Твоја Македонија” ги има најдобрите решенија за ова.

И, според мене, иднината на Македонија не може да се гледа изолирано. Таа мора да биде градена заедно со соседните земји. Меѓусоседската соработка е најдоброто решение за сите нас. Треба да работиме заедно и меѓусебно регионално да се разбираме и да се подржуваме. Добрососедските односи се важни за нас но и за иднината на регионот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.