НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се слушаме ли, денес, мисје Таравари?! Ако не се слушаме, не мора, а би требало

0
By Zoran Ivanov on September 4, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комунистите, комуњарите, денешните “предавници” направија држава за сите. Нека го прочита овој пост Таравари. Нека се потсети и тоа дека комуњарите, тие “шпиуни” и “предавници” го решија спорот со Грција, ја внесоа земјата во НАТО, започнаа директни преговори со Европската унија. Комуњарите, а не десничарите кои денес ќе засерат се’, ја направија и создадоа оваа мултикултурна и мултиконфесионална држава.

Ненад Јовановиќ

 Кога ги бранев политиките на минатата влада затоа што беше фрагилна и во некоја смисла “малцинска”, ама Европска и слободна, поточно мека и пропулзивна, господинот Таравари ми доаѓаше на профилот да ме укорува и нешто ми морализира; да ми суди де, што требало а што не требало да бранам и поддржувам.

Секој си земаше за право во времето на “режимот на Заев” мене да ми суди. Беше чудовишна и надреална таквата позиција и за тоа како луѓето ме доживуваа.

Денес, на едно интервју, Таравари вели дека не ја познава Македонската химна, а богами вели дека не ја познава ниту Албанската химна. Не е важно што Таравари познава и не е важно што е врежано во неговата свест. Важно е следново:

Македонската химна ја измисли, создаде, фикционализира ако сакате, уметнички и поетски, господинот партизан и револуционер, Владо Малески, татко на нашиот Денко Малески, брилијантен писател, научник и дипломат.

Комунистите ви создадоа држава, браќа и сестри Македонци и Албанци. Комунистите и партизаните. Комунистите ја дефинираа оваа држава, го кодифицираа Македонскиот јазик, создадоа Универзитети, радио и телевизија, железнички пруги, Културно-уметнички центри, напишаа брлијантни книги и снимија филмови.

Понатаму, Југославија ги нормализираше односите со Бугарија: 1.) Беше призната македонската посебност од страна на НР Бугарија;

2.) Моштите на Гоце Делчев од Софија се пренесени во Скопје 1946. година;

3.) Основан е Македонскиот народен театар 1945. година;

4.) 1974 година Македонците во новиот Устав на Југославија добиваат право на Самоопределување кое ќе го добијат и целосно, како независна и самостојна држава во 1991. година.

Комунистите, комуњарите, денешните “предавници” направија држава за сите.

Нека го прочита овој пост Таравари. Нека се потсети и тоа дека комуњарите, тие “шпиуни” и “предавници” го решија спорот со Грција, ја внесоа земјата во НАТО, започнаа директни преговори со Европската унија.

Комуњарите, а не десничарите кои денес ќе засе.ат се’, ја направија и создадоа оваа мултикултурна и мултиконфесионална држава.

Се слушаме ли, денес, мисје Таравари?! Ако не се слушаме, не мора, а би требало.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.