Веле Митаноски: Левков и Бисера се самите за себе циркус “Медрано”. Или, илиустрација за големиот, националниот циркус, Медрано – Македонија!.
Левков е забава за народ, а Бисера е колаче за народ. Надимакот што и го даде Левков, совршено и одговара. Половина од народот нема леб да јаде, а Бисера ни нуди колачиња!
Левков, како да позајмил бројаница, или гердан бисерен, кој како милува, и, секој ден, вади, одмотува, по едно бисерче. А Бисера нанижала, не еден, туку стоиеден гердан бисерен!
И Левков и Бисера се во голем проблем. Се разликуваат само по тоа што проблемот на Бисера е проблем и на СДСМ, а проблемот на Левгов е за него дневно мачење, а посластица за ВМРО ДПМНЕ.
Проблемот на СДСМ, всушност, е ретроактивен, РЕВЕРЗИБИЛЕН! Освестените во партијата, се исчудуваат како било можно, Заев од вреќата со толку кадри, да се фати за скафандерот!?
Поранешен пратеник, драг пријател од СДСМ, во момент на искреност, вели дека проблемот за СДСМ бил постар, од поставувањето на Бисера за министер. И тоа за култура!?
Проблемот настанал, уште кога таа била поставена за потпретседател на партијата. Не ја бива за министерка, срамота е и греота за членството и народот, ама, пустото – потпретседателка била !
Абе, таа може,. во партијата, и претседателка да ви биде, ако немате подобро решение. Тоа си е ваш проблем. Аама, министерка – тоа е општ, национален проблем, национална срамота!
Ајде и тие запаленковците, внатре во СДСМ и тие неоптповарените, нека размилст: како може, оваа личност, да биде на местото каде бил еден Ункоски, на пример, или порано еден Цветан Грозданов!? Разликата е космичка, а, и се гчледа од космосот!
По логиката на мојот пријател, поранешен пратеник од Охрид, сега може и вака: а,бе таа, навистина е срам за СДСМ, ама пратеничка е! Линк