Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Со Законот за локална самоуправа интересите на граѓаните се маргинализирани

0
By Marija Todorovska on September 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 11, 2024 15:32

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека нивната пратеничка група нема да го поддржи законот за локална самоуправа, по скратена постапка. Тој вели со овој закон интересите на граѓаните се маргинализирани и дека е очигледно дека има договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ДУИ. 

– Ние нема да го поддржиме овој закон заради една друга работа, а тоа е што интересите на граѓаните со овој закон се целосно маргинализирани, оставени се на маргините на овој политички пазар направен помеѓу овие партии, односно коалиции. Никој не се прашува каде е најдемократската алатка за отчетност во однос на тие кадри коишто беа градоначалници, сега се на други позиции. Едноставно никој не се грижи за тоа, изјави денеска во Струмица претседателот на СДСМ,

Според него, во однос на Законот за локална самоуправа очигледно е дека веќе има договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ДУИ, и се поставува прашањето како сега ДУИ не е фактор на дестабилизација, односно дали како веќе укажан фактор на дестабилизација од страна на ВМРО-ДПМНЕ токму Владата и ВМРО-ДПМНЕ не се веќе дестабилизирани.

Додаде дека станува збор за големи општини, меѓу кои и Општина Аеродром, како многу значајна скопска општина, која што тогашниот градоначалник сега министер за надворешни работи, како што рече, ја оставил да тоне во ѓубре, нереализирани ветувања и проекти и нека најава дека нешто од тоа ќе се среди.

Во однос на укинувањето на балансерот при вработувањето, кое беше едно од најголемите изборни ветувања на власта, лидерот на СДСМ смета дека тоа е само уште една голема лага на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски, на ЗНАМ и на Максим Димитриевски.

– За жал, клекнаа на колена и го погазија даденото ветување. Тоа беше дел од една навистина голема лага за време на кампањата така наречената „Горда Македонија“ во која што ќе ги кратеа правата и функциите и инструментите коишто ги имаа Албанците. Со таа кампања тие добија огромна поддршка и дојдоа на власт. За жал, сега кога луѓето ја сфаќаат вистината, кога тие ги газат сите свои ветувања луѓето се чуствуваат понижени и разочарани затоа што сфаќаат дека биле излажани, додаде Филипче.

На зошто платформата на Мицкоски со десетте принципи на е прифатлива за СДСМ, Филипче смета дека се што понудил премиерот пред два дена е дијаметрално спротивно на политиките коишто премиерот ги води.

-Имено, се залага во своите неколку точки за департизација, а тоа што сега се случува во институциите е целосна партизација, се назначуваат луѓе само по партиска основа, а тие коишто припаѓаат на друг политички субјект или се преместуваат или се деградираат, па дури и се преместуваат на работа во други градови. Понатаму, гледаме дека најавата за борба против корупција, криминал, со неправилности во работата за жал само е најава, премиерот не се грижи за тоа како се однесуваат неговите најблиски соработници очигледно правејќи престапи на многу нивоа и ние за тоа ја запознавме јавноста во изминатиот период. Понатаму, зборува за некаков напредок на земјата не гледаме ниту еден чекор со којшто се обезбедува идниот напредок на земјата во рамките на евроинтегративниот процес, рече Филипче.

Посочи дека во овој момент не гледат дека ВМРО-ДПМНЕ има чесни намери во понудата за соработка. Сметаат дека е тоа само понуда за да се обезбеди партнер за да поминат некои нивни теснопартиски или лични интереси.

На друго новинарско прашање за евентуална интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, лидерот на СДСМ не одговори конкретно, но истакна дека со сите инструменти што им стојат на располагање ќе се борат против сите неправилности, бидејќи според Филипче ВМРО – ДПМНЕ и премиерот ги погазиле сите ветувања за отчетна, искрена и чесна работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.