Владата на Република Северна Македонија се уште не ја напуштила предизборната реторика. Нека се вратат на реализмот.
Ова им го порача на новинарите бугарскиот претседател Румен Радев, неколку часа пред средбата со претседателката на РСМ, Гордана Сиљановска-Давкова, која доаѓа во Софија на оперската продукција „Набуко“ што по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија ја органнизира македонската амбасада во Бугарија.
Точно е дека музиката и културата се сфери кои не зближуваат и Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија и очекува овој дијалог не само да помогне во нашето културно зближување, да даде поттик на економската соработка, очекуваме со ова дијалог конечно решавање на отворените прашања меѓу нас, рече Радев.
Тој нагласи дека заедно со потпишаните договори, вклучувањето на раководството на Северна Македонија во Коридорот 8 ќе биде јасен показател за реалните европски амбиции на РСМ за поголема поврзаност во регионот.
Очекувам искажаната желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката Сиљановска да стане конзистентна политика и на Владата на РСМ, рече Радев и продолжи:
Македонскта влада се уште не ја напуштила предизборната реторика. Нека се вратат на реализмот. Нашите односи ќе се засноваат на склучените договори. Очекуваме РСМ да ги исполни сите свои обврски, и кон нас и кон Европската Унија.