Оливер Спасовски: Секој втор ден висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ е во седиштето на ДУИ. Од една страна демек се напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ и „дефакторизираната ДУИ“ а од друга страна секој втор ден некој висок претставник од ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во седиштето на ДУИ во Мала Речица, тоа не носи резулатат. Тие излегоа и рекоа ние го укинуваме балансерот. Па после им требаше поддршка за Законот за реорганизација, седнаа со „дефакторизираната ДУИ“ па рекоа ќе формираме комисија во Собрание, па ДУИ предложи и таа коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го изгласаа. За да чуеме сега од министерот за администрација дека балансерот не се укинува. Тоа зависи од ветувањата односно лагите кои беа кажани пред изборите