Венко Филипче: Голем скандал се случи во Софија, токму во соседната земја која е омилена тема на ВМРО-ДПМНЕ за печалење на политички поени преку популистички изјави и ставови потенцира претседателот на СДСМ. Додека на домашен план се претставуваат како големи патриоти, на буквално првата средба во Софија гордо позираа пред бугарското, но не и пред македонското знаме. Ниту на средбата на Дафвкова со Радев, ниту на средбите на министрите на Мицкоски со колегите министри од Бугарија немаше државно знаме. Не слушнавме нуту дали и како Давкова побарала унапредување на преговорите, промена на преговарачката рамка и се што ветуваат. Со еден збор, дипломатска катастрофа на ВМРО.