Published: Wednesday, February 18, 2015 18:18
Македонија треба да побара помош од Европската комисија доколку сака да добие помош за настраданите луѓе и региони во неодамнешните поплави, изјави денес во Брисел портпарол на Европската комисија.
Комесарот за проширување Јоханес Хан денес во своето соопштение за вчерашната посета на Македонија изјави дека Европската комисија е во контакт со властите во нашата земја за да се оценат штетите и потребите на настраданите од поплавите и да се види дали е можна европска помош.
“Македонија не побарала помош до овој момент, но одблиску ја набљудуваме ситуацијата во земјата и ќе реагираме ако е потребно”, рече портпарол на Комисијата.
Инаку денес Европската комисија најави помош за скорешните поплави во Албанија.




