Мицковски се занесува дека со Орбан, кој нема кредибилет во ЕУ, ќе успее да ја препроговара преговарачката рамка, поточно дека ќе почне “сериозни” ексклузивни преговори со Бугарија која во континуитет изразува нациофашисоидни барањ во однос на Македонија.
Тито Беличанец
Македонскиот јазик, националниот интегритет и белег, државноста и територијалниот интегритет веќе се обезбедени со полноправното членство на земјата во ООН. Кои се прифатени од ЕУ со прифаќањето на нашата кандидатура за членство и почетокот на преговори за влез во ЕУ. Безбедоноста на земјата е остварена со влезот во НАТО. Прашањата по кои ќе се преговара за влез во ЕУ се содржани во консесуално усвоената преговарачка рамка на ЕУ. И тоа е соопштенено во неколку посети нашето Собрание и Влада од врвни раководители на ЕУ, дека сме добродојдени во ЕУ и тоа посебно од сите 27 земји членки, кои не поставија било кој друг услов освен внесувањето на Бугарите, наши граѓани, во преамбулата на уставот.
Во текот на преговорите со ЕУ ќе се одвива вообичаеното усогласување на земјата по одделните подрачја кои се однапред определени.
Точно е дека кон Македонија беше поставен невообичаен услов за да и Бугарија гласа за преговарачката рамка. Но истиот не задира во македонските интереси, туку свесно е наметнат од Бугарија за да предизвика неединство во земјата и да го блокира продолжувањето на преговорите за влез во ЕУ, во што досега Бугарија успеа.
А Охридскиот договор и Преспанскиот договор, кои постојано се влеткуваат во преговорите за влез во ЕУ имаа сосема друга историска генеза, посебно за македонската држава која прв пат се осамостои, и која претходно немаше утврдени граници со соседите и не беше држава со полн признат правен и пред се меѓународен суверенитет. Токму затоа во постапката за прием во ООН не и беше признаено уставното име туку комуницираше во меѓународните организации под привремената референца ФИРОМ.
Од морален, политички, етички аспект и јас тоа го доживувам со нееодобрување, но во меѓународните односи владеат правила на посилниот, односно сосема други
правила и вредности утврдени во бројни меѓународно договори во коишто македонската држава не била учесник, туку нејзината географска територија била предмет на делби.
По осамостојувањето на земјата и нејзиониот прием во ООН под уставното име, прием во НАТО и почеток на преговорите за влез во ЕУ сите тие договори де факто и де јуре се изменија или станаа ништовни. Тоа е најголемата историска победа на Македонија на меѓународен план, посебно во однос на Бугарија и Грција.
Дали можело повеќе, евидентно не, зошто во преговорите за договорите посредуваа големите сили, поточно пред се САД и најголемите земји на ЕУ, пред се преку ООН.
Следната шанса на земјата е влез во ЕУ во која Република Северна Македонија може да се избори за бројни права, посебно за правата на етничките Македонци во Бугарија и Грција, но преку ЕУ институциите, се разбира посилно кога ќе имаме исто столче и ист глас со нив во ЕУ.
Затоа е потребно што побрзо продолжување на преговорите со ЕУ со измена на уставните амандмани.
Мицковски се занесува дека со Орбан, кој нема кредибилет во ЕУ, ќе успее да ја препроговара преговарачката рамка, поточно дека ќе почне “сериозни” ексклузивни преговори со Бугарија која во континуитет изразува нациофашисоидни барањ во однос на
Македонија. Додатно прашање е дали и по следните избори во Бугарија ќе се избере мнозинство кое може да формира стабилна влада. Тоа е губење на време и давање шанса на Бугарија да продолжи да не навредува и да не држи во неизвесност.
Токму затоа се што се прави на меѓународен план посебно за влезот во ЕУ треба да се прави мултирателно и во ЕУ а не билатерално со Бугарија. Глупаво е од ежот да очекуваш да не де боцне.Од Грција веднаш добивме политички нокаут кога новоизбраната претседателка на државата и премиерот Мицковски се обидоа да ја релативизираат примената на превземените обврски со Преспанскиот договор. Истото ќе се случи и по најавените т.н. “сериозни” преговори со Бугарија. Да не заборавиме Бугарија е најголемиот губитник во односите со Македонија од 1990 година до сега. Нема шанси да попушти.
Зошто Мицковата Влада и се мести на Бугарија?
Од Фејзбук ѕидот на авторот