Published: Tuesday, September 17, 2024 20:21
Фатмир Битиќи: Заемот од Унгарија е економско предавство на татковината. Овој заем е удар за домашните компании, нивно исфрлање од економската орбита на оваа влада. Ова е удар врз трудот на македонските бизниси, економско предавство на татковината. Заемите како овој, кои доаѓаат од ЕКСИМ банки, независно дали тоа е од Унгарија или од друга земја, наметнуваат и услов, парите да се користат за фирми кои доаѓаат од матичната земја.



