НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали кинески пари – преку Унгарија, завршуваат како кредитна линија во Северна Македонија?

0
By Marija Todorovska on September 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Ова е прв пат државата да се задолжиме директно од друга држава. А државата во овој момент од која се задолжуваме е симбол за недостаток на демократски вредности и симбол на авторитарно владеење, поради лидерот на таа држава Виктор Орбан. И додека од Владата како папагали повторуваат дека се задолжуваат од држава членка на ЕУ и НАТО, веќе реномирани регионални медиуми пишуваат дека сепак се работи за кинески пари, кои ќе бидат дадени преку Унгарија. Кинеските пари во државите од Западен Балкан се исто така симбол за корупција. Зошто не се задолжуваме од реномирани светски финансиски институции? Затоа што они сакаат да знаат за што и дали правилно се трошат парите. Самото ова е доволно за сомнежи, вели Хоџиќ во изјава за „Фронтлјан“.

Дестан Јонузи

Собранието вчера со 65 гласа „за“ го  изгласа Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка .Со новото задолжување од Унгарија државниот долгот ќе го пробие плафонот од 60%, далеку над дозволениот процент од 60%, алармира македонската опозиција. Вкупниот износ на заемот од Унгарската експорт – импорт банка изнесува 500 милиони евра.

Џелал Хоџиќ – претседател на Странка на Демократска акција на Македонија (СДА) смета дека кредитот од Унгарија е проблематичен по повеќе основи.

– Ова е прв пат државата да се задолжиме директно од друга држава. А државата во овој момент од која се задолжуваме е симбол за недостаток на демократски вредности и симбол на авторитарно владеење, поради лидерот на таа држава Виктор Орбан. И додека од Владата како папагали повторуваат дека се задолжуваат од држава членка на ЕУ и НАТО, веќе реномирани регионални медиуми пишуваат дека сепак се работи за кинески пари, кои ќе бидат дадени преку Унгарија. Кинеските пари во државите од Западен Балкан се исто така симбол за корупција. Зошто не се задолжуваме од реномирани светски финансиски институции? Затоа што они сакаат да знаат за што и дали правилно се трошат парите. Самото ова е доволно за сомнежи, вели Хоџиќ во изјава за „Фронтлјан“.

За жал, додава нашиот соговорник, очигледно е дека ниту Бранко Азески, ниту коалициските партии од Владата, ниту градоначалниците од редовите на Владата, го прашуваат премиерот од каде се парите.

– Нив им е важно да ја одржат својата „машина“ со пари од било кое место, подвлече тој.

И додека од власта се правдаат, вели Хоџиќ, со малата камата на кредитот, се наметнуваат други логички прашања:

– Која е политичката камата која ние како држава ќе ја платиме за унгарско-кинескиот кредит?

– Дали за оваа најавена милијарда евра, на два дела, нашата држава ќе треба да одработи стратешки работи за унграско-кинеската политика на спротиставување на процесите во светот кои ги водат САД, ЕУ, В.Британија, Германија?

– Ние имаме веќе најавен нов унгарски оператор во телекомуникациските услуги, кој треба да дојде на нашиот пазар. Дали е тоа противуслуга за кредитот? Дали унгарскиот оператор работи со кинеска опрема?

– Ова се сега легитимни прашања за кои јавноста треба да добие одговор. Сепак, телекомуникацискиот сектор е дел од критичната инфраструктура на една држава. Ние како држава сме определени кон Западот. После спречувањето на европскиот пат, по овој заем од милијарда евра кинески пари преку Унгарија, веќе на сите им станува јасно дека новата власт забрзано работи на сериозен обид да се менува курсот на државата, нагласи нашиот соговорник.

Македонија ќе се задолжи од унгарската експорт Импорт банка, а според текстот на законот ќе треба да плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од Унгарската банка. Провизијата од 70.000 евра за правни услуги ќе се плати пред повлекување на првите пари од Ексим банката.

Парите од кредитната линија се обезбедуваат со камата од 3,25 отсто, 15 години отплата и 3 години грејс-период. Ова практично значи дека кредитот ќе се отплаќа до 2039 година.

Владата најави дека 250 милиони евра ќе бидат наменети за финансиска поддршка на домашните компании, а 250 милиони за инфраструктурни проекти за општините.

Средствата од кредитот кој нема да се повлечат ќе се пресметува камата. Договорот за заемот е регулира според законите на Унгарија, а доколку настане спор меѓу двете држави, тој ќе се решава на арбитража пред судот во Хаг.

Текстот е во сопственост на Фронтлајн

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.