НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинети петнаесет лица од УЈП во предметот „Синџир“

0
By Marija Todorovska on September 18, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
ОЈО
ОЈО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во предметот познат во јавноста како „Синџир“ обвинети се петнаесет лица вработени во Генералниот даночен инспекторат на  Управата за јавни приходи и регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Битола и Прилеп.

-И покрај поднесениот Обвинителен акт за предметот познат во јавноста како „Синџир“, предметниот обвинител Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција предметниот јавен обвинител продолжи со постапување. Постапката е како резултат на индиции што произлегоа од доказите што обвинителството ги достави до судот со поднесување на обвинителниот акт во предметот „Синџир“. Врз основа на дополнително обезбедениот доказен материјал денеска до Основниот кривичен суд Скопје обвинителството поднесе Обвинителен предлог против петнаесет лица вработени во Генералниот даночен инспекторат на УЈП и Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Битола и Прилеп. На сите обвинети им се става на товар дека сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. ст.1 и чл.45 од КЗ, соопшти Јавното обвинителство.

Оттаму посочуваат дека станува збор за службени лица во Управата за јавни приходи кои во посочениот период биле главни генерални инспектори или вршители на должност, нивни заменици, управници на регионалните дирекции, началници на даночни инспекторати и раководители на Одделенијата за регистрација и утврдување на даноци во регионалните дирекции, членови на телата за одобрување на ДДВ побарувања со барање за враќање при регионалните дирекции, самостоен даночен советник за анализа на ризик и планирање на контроли и инспектор за даночни обврзници.

-Според дејствијата содржани во диспозитивот на предлогот обвинетите во периодот од 01.01.2019 до 31.12.2021 година како службени лица во Управата за јавни приходи, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, не ја извршиле својата службена положба и овластување со намера да прибават за друг значителна имотна корист или на друг да му нанесат значителна имотна штета. Притоа, постапиле спротивно на одредбите од Законот за даночна постапка, Законот за управата за јавни приходи, Правилникот за систематизација на работни места во Министерството за финансии, Управа за јавни приходи, Процедурата за надворешна контрола, Упатството за одобрување и враќање на даночно побарување за ДДВ и Правилникот за внатрешна организација на Управата за јавни приходи. Така, во зависност од нивните службени овластувања не ја организирале и координирале работата на Генералниот даночен инспекторат со функциите на Регионалните даночни инспекторати во Скопје, Прилеп и Битола, за дел од даночните обврзници не извршиле соодветно рангирање според степенот на ризичност и самостојно не издале налози за контроли, не изготвиле предлог листи на даночни обврзници за вршење надворешна контрола, иако дел од обврзниците според степенот на ризик припаѓале во ризични даночни обврзници каде задолжително било потребно да се извршуваат надворешни контроли. Така, за дел од кривичноодговорните правни лица опфатени во предметот „Синџир“ кои како даночни обврзници поднесувале задолжителни даночни пријави и годишни завршни сметки во Регионалните дирекции Прилеп, Битола и Скопје, по основ на непресметан и неплатен данок прибавиле значителна имотна корист во износ од 167.918.419 денари предизвикувајќи штета на УЈП во вкупен износ од 206.456.437 денари, се наведува во соопштението.

Заедно со Обвинителниот предлог, имајќи ги предвид околностите сврзани за личноста на обвинетите, околностите под кои е сторено делото, особено имајќи предвид дека обвинетите се службени лица кои во вршење на својата служба го имаат сторено кривичното дело и дека може да бидат недостапни на органите на прогонот и на тој начин да го оневозможат непреченото водење на постапката, предметниот обвинител поднел и посебен предлог со кој предлага судот спрема обвинетите да определи мерки на претпазливост.

-Воедно, укажувајќи дека во Специјализирано судско одделение за судење на кривични дела од областа на организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје веќе се постапува по предмет оформен по обвинителен акт на ОЈО за ГОКК од 22.01.2024 година против физички и правни лица обвинети за кривични дела Злосторничко здружување од чл. 394 ст1 и 2, Даночно затајување од чл. 279 ст. 2 в.в ст. 1 чл.45 и Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 од КЗ, предметниот обвинител достави и посебен предлог да се спроведе единствена постапка и поднесениот обвинителен предлог да биде споен во веќе оформениот предмет. Како образложение на предлогот обвинителството укажа дека постои меѓусебна врска помеѓу извршените кривични дела сторени од страна на обвинетите наведени во обвинителниот предлог и кривичните дела сторени од страна на обвинетите наведени во поднесениот Обвинителен акт, како и дел од доказите кои веќе се доставени со претходно поднесениот обвинителен акт, се посочува во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.