НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европратениците отфрлија две одлуки на ЕК за нивоата на пестициди во храната увезена во ЕУ

0
By Marija Todorovska on September 18, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел: Европскиот парламент на денешното пленарно заседание во Стразбур со големо мнозинство гласови отфрли две одлуки на Европската комисија со кои се регулираа нивоата на дозволени пестициди во прехранбените продукти што се увезуваат во ЕУ од трети земји.

Станува збор за одлуките за толеранција на максималните нивоа на остатоци на ципроконазол и спиродиклофен во житните култури, семињата, месото, црниот дроб и бубрезите, како и за нивоата на беномил, карбендазим и тиофанат-метил во лимоните, лиметите, мандарините и бамиите.

Инаку, употребата на сите овие пестициди е забранета во ЕУ.

Резолуцијата со која се отфрла првата одлука за нивоата на ципроконазол и спиродиклофен беше усвоена со 522 гласа „за“, 127 „против“ и 28 „воздржани“, а втората за нивоата на беномил, карбендазим и тиофанат-метил беше прифатена со 516 гласаа „за“, 129 „против“ и 27 „воздржани“. За усвојување на резолуциите беше потребна поддршка од најмалку 359 гласови на европратениците.

Во резолуциите се нагласува дека за земјоделските производи увезени во ЕУ од земји кои не се членки на Унијата мора да важат истите стандарди, како и за продуктите произведени во земјите членки на блокот, со цел да се обезбеди „рамноправен терен за игра“.

Според европратениците со дозволувањето повисоки нивоа на остатоци од пестициди во увезената храна, воедно се загрозува и здравјето на граѓаните во Европа, но и на жителите на земјите производители на овие прехранбени продукти.

Врз основа на ваквата одлука на ЕП, Еврокомисијата сега мора да ги повлече двете одлуки. Европратениците воедно ја повикуваат ЕК да предложи нови нацрт-одлуки со кои ќе се намалат сите максимални нивоа на остатоци на пестициди до најниската граница што може да се открие или на стандардната вредност од 0,01 милиграми на килограм, како и да отфрли какви било барања за толеранции за отстапување од стандардите за увезената храна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.