НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По пејџерите експлодираа и воки – токи уредите – загинаа три лица

0
By Zoran Ivanov on September 18, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Воки-токи користени од либанската група Хезболах експлодирале во средата доцна попладне во јужниот дел на земјата и во јужните предградија на главниот град Бејрут, изјавија безбедносни извори и сведок, по експлозиите на илјадници пејџери во вторникот.

Три лица загинаа од експлозивни „направи“ во градот Сохмар, во јужната долина Бека, објави либанската државна новинска агенција ННА.

Либанската државна Национална новинска агенција објави дека „старите дојавувачи“ експлодирале во куќи во јужните предградија на Бејрут и во јужен Либан.

Голем број ранети се префрлени во болниците во главниот град и во Баалбек, лоциран во долината Бека, се додава во написите.

Бројот на загинати се искачи на 12, меѓу кои и две деца, изјави во средата либанскиот министер за здравство Фирас Абиад. Речиси 3.000 луѓе беа ранети во нападот во вторникот, вклучително и многу борци од милитантната група и иранскиот пратеник во Бејрут.

Тајвански производител на пејџери негираше дека ги направил пејџерите кои експлодираа во нападот што ги зголеми шансите за војна од целосен обем меѓу Хезболах, поддржан од Иран, и Израел.

Според изјавата на Голд Аполо, уредите се произведени под лиценца на компанија со седиште во унгарскиот главен град Будимпешта.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.