НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарските политичари бараат да се отповика македонската амбасадорка во Софија откако Николоски ги нарече Бугарите „нецивилизирани“

0
By Zoran Ivanov on September 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изјавата на Александар Николоски дека „Бугарија се покажала како лош домаќин“ беше главна тема денеска во бугарскиот парламент и предизвика бурни реакции кај бугарските политичари.

Дел од нив го повикале бугарското МНР за итна акција, испраќање демарш, па дури и отповикување на македонската амбасадорка Агнеса Руси Поповска.

Освен што изјави дека „Бугарија се покажала како лош домаќин“, Александар Николоски вчера во своето гостување на Алфа телевизија ги нарече Бугарите и нецивилизирани.

Очигледно домаќинот не е цивилизиран, ако сакаат нека ми испратат протестна нота. Не се достоинствени, немаат почит. Само оние слуги кај нас што потпишаа дека македонскиот и бугарскиот народ имаат заедничка историја , што ја немаме, се помизерни од нив. Оние што се согласија со нивните потписи дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и дека никогаш нема да влеземе во Европската унија ако не признаеме дека сме Бугари и имаме бугарски корени, го пренесува БГНЕС Николоски.

Копретседателот на ДПС, Дељан Пеевски на денешната седница на бугарскиот парламенет побарал отповикување на амбасадорката додека во Софија „не добијат извинување од Скопје“.

По уште една скандалозна и неприфатлива ароганција што ја покажа прорускиот режим на Мицкоски, РСМ мора да добие дефинитивен одговор од бугарската држава. Амбасадорката на РСМ мора веднаш да биде отповикана додека Бугарија и Бугарите не добијат соодветно извинување за навреди кон бугарската држава и народ. Нека се знае дека нема да толерираме некој да си дозволи таков став. Уште помалку што претставниците на власта тврдат дека за нивната земја, за која Бугарија направи толку многу како поддршка низ годините, има место во европското семејство, нагласува Пеевски.

Од партијата „Има таков народ“ велат дека грешката била што „ПП-ДБ, ГЕРБ и ДПС го укинале ветото за Македонија“

Ова е доказ зошто Република Северна Македонија (РСМ) нема место во ЕУ, како и за националното предавство што го направија во ПП-ДБ, ДПС и ГЕРБ со укинувањето на ветото на нејзиниот пристап. За ваквата реторика и шефовите на држави кои си дозволуваат така да зборуваат, нема место во ЕУ, прокоментира претседателот на пратеничката група на Има таков народ, Тошко Јорданов. Линк

Текстот е сопственост на Слободен печат

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.