Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија на предлог на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, донесе измени на Деловникот за работа на Врховниот суд со кои се овозможува јавност на Општата седница.
Во новите измени на Деловникот за работа на Врховниот суд се пропишува дека општите седници на Врховниот суд на Република Северна Македонија се јавни, а јавноста во работата на Општата седница се обезбедува и со присуство на претставници на средствата за јавно информирање.
Претседателката на Врховниот суд на денешната Општа седница истакна дека значењето на Врховниот суд од уставен и законски аспект, како и значењето на прашањата кои се разгледуваат пред Општата седница од правен аспект, а воедно се од интерес за граѓаните, ја наметнуваат потребата од јавност.