Се ближи времето кога сите ќе станете имигранти во сопствената земја. Жители на бегалскиот логор на сите што заборавиле или не можеле да избегаат.
Бранко Тричковски
Се сеќавам на еден- или беа неколку-не знам, воени филмови, во кои некаква специјална дресина вози по пругата и зад себе остава исечени прагови односно неупотребливи шини.
Таа дресина која оди пред македонскиот воз и ги уништува сите шанси композицијата да стигне на целта, се вика вмро-дпмне, а ја управува Христијан Мицкоски.
Тоа е најголемо можно злосторство.
Врз државата, врз општеството, врз нацијата, врз луѓето.
Рамно на внатрешна институционална демонтажа.
Со срамотно инфантилни, простачки, глупантропски образложенија за заштита на националните интереси.
Тоа е како да ја минира браната “Матка” со образложение дека сака да ги исчисти улиците во Скопје.
Се ближи времето кога сите ќе станете имигранти во сопствената земја.
Жители на бегалскиот логор на сите што заборавиле или не можеле да избегаат.
Институциите и целата држава се заробени, но како што знаеме од нашето и од туѓите искуства, порано или подоцна, ќе ги ослободиме.
И ќе ги заштрафиме телата на злосторниците на местото на исечените прагови.
Од Фејзбук ѕидот на авторот