Авичаи Адраи, портпаролот на израелската армија, изјави дека неколку други команданти на Хезболах се убиени заедно со Акил во денешниот напад во Бејрут, а либанските власти соопштија дека во нападот загинале девет лица, меѓу кои и деца.
Денешниот израелски напад врз Бејрут следеше откако Хезболах истрела ракети на северот на Израел и во време кога се очекува одмазда во тој регион, бидејќи лидерот на таа шиитска организација Хасан Насрала се закани за овонеделните експлозии на илјадници пејџери и токи-воки.