Осудувам пристап каков што го имаше Бугарија во однос на Претседателката на државата, со неистакнување на знамето, меѓутоа тука има вина и одговорност кај Претседателката односно кај нејзиниот кабинет, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во емисијата Трилинг.
-Не може државата да биде „повторно горда“ а вие самите себе да се потценувате а со тоа и граѓаните на Македонија да ги потцените. Постоеле механизми како тоа да се среди и да не дојде до ваква ситуација. Добро е да бидеме заштитници но на соодветен начин и време и на дело да се покаже дека сакате да ги заштитите националните интереси. Тоа бил моментот, кога се увидело дека не се почитувале протоколите да се реагира, прашање е дали требало да се одржи една таква средба, рече Спасовски
Ако претседателката на државата не го штити достоинството на државата и на граѓаните, од кого очекуваме. Очекуваме дека со реакции отпосле ќе направиме нешто? Не, прво тоа треба да се превенира, додаде тој.
Треба да се напушти процесот на нарушување на односите на сите околу нас, кој наместо партнер да го правиме противник на Македонија. Не би сакал да се случи нова фаза на изолација, тоа нема да биде добро да земјата, вели Спасовски.




