Гости кинематографери од САД, Велика Британија, Италија, Франција, Шпанија и Австралија заедно до домашната публика, вечерва во Битола газеа на црвениот килим за да го проследат свеченото отворање на 45-то издание на Фестивалот „Браќа Манаки“.
Меѓународниот собир и натпревар на кинематограферите почна со доделување на наградата „Златна Камера 300“ за животно дело која годинава му припадна на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, како и со доделување на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ чиј добитник е Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер.
Во текот на фестивалот којшто ќе трае до 27-ми септември, ќе бидат прикажани 12 филмови во главната селекција за наградите „Камера 300“, почнувајќи од „Партенопе“, филм со кој вечерва почна фестивалот.