Најстариот светски фестивал на кинематогаферите за отворен го прогласи претседателката Гордана Силјановска Давкова која заради престој во странство, своите пораки ги искажа низ видео обраќање.
Преку видео се обрати Птерседателката Сиљановска Давкпова и фестивалот го прогласи за отворен.
Со право важниот и чудесен настан „Браќа Манаки“ ги слави и величи кинематограферите како волшебници и магионичари кои од приказната прават слика и филм. Сите ние имаме лична историја запишана во нашата или нечија меморија. Во книгите или во видеозаписите како што Милтон и Јанаки ги запишале и сочувале големите собитија на почетокот на 20 век, но и малите секојдневни работи и активности. Нивните записи се не само историја, туку и уметност, битолска, национална, регионална и светска. Да продолжиме да ги чествуваме и славиме браќата Манаки. Да ги сакаме, негуваме и славиме, филмот и уметноста, да го живееме животот, оти едни и единствени се браќата Манаки, порача претседателката Силјановска Давкова.
Според востановената традиција, на големата сцена во Битола беше доделена наградата „Златна Камера 300“ за животно дело која му припадна на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, а ја врачи претседателот на владата Христијан Мицкоски, наградата за особен придонес во светската филмска уметност ја доби Јоланта Дилевска, а ја врачи градоначалникот Тони Коњановски.
Пред аудиториумот во Битола лауреатот Далбонел истакна дека тоа што сакам да го направам е да му вратам на киното за тоа што киното направи за мене, додека пак Дилевска посочи дека признанието е голема награда за сите филмски работници со кои што таа работела. И благодарам на Македонија за оваа награда, рече Дилевска.
Во името на градот домаќин, гостите ги поздрави градоначаликот Тони Коњановски кој нагласи дека Битола продолжува да биде креативен центар за најдобрите светски директори на фотографијата, откривајќи низ времето нови таленти кои денес важат за врвни уметници на филмската фотографија и кинематографија закитени со наградите од нашиот фестивал.
Церемонијалот на свечено отворање на фестивалот беше заокружен со доделување на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, чиј годинашен добитник е Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер.
На свеченото отворање на годинешново „Браќа Манаки“ се обрати и Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македоноија, ДФРМ, ко е и сопственик и организаторот на фестивалот „Браќа Манаки“ Игор Иванов Изи.
Македонската филмска продукција, и покрај евидентните меѓународни успеси, е втурната во темна финансиска неизвеснот и дека очекува државата во иднина да ја разбере улогата на филмот како културно добро кое е во функција на уметноста но и на промоција на вкупните културни достигнувања на државата, порача Игор Иванов Изи.
„Партенопе“ во кој кинематогафер е лауреатката Дариа Д’ Антонио, е првиот филм со кој синоќа почна 45-тото фестицалски изданите „Браќа Манаки“.