НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жртва на киднапирање се спои со семејството по 70 години

0
By Marija Todorovska on September 23, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Луис Армандо Албино на шест години бил киднапиран додека си играл во парк во Оукленд, Калифорнија, САД, во 1951 година. Сега, повеќе од 70 години подоцна, Албино е пронајден.

„Мерќури њуз“ прв објави дека внуката на Албино, Алида Алекин, користејќи ДНК-тест, исечоци од весници, но и со помош од полицијата, ФБИ и Министерството за правда – го нашла нејзиниот вујко кој живее на сосем спротивниот, Источен Брег на САД. Албино, според неговата внука, сега е пензиониран пожарникар, но и ветеран од Виетнамската војна, како и татко и дедо… Всушност, 63-годишна жителка на Оукленд го препознала Албино и го известила неговото семејство.

Албино и петте негови браќа и сестри, доселени од нивната мајка од Порторико, се преселиле во
Калифорнија летото 1950 година, пред неговото киднапирање во февруари.

Момчето си играло со својот 10-годишен брат Рогер во паркот „Џеферсон сквер“ близу семејниот дом, кога една жена го намамила нудејќи му бонбони, според стариот печат на „Оукленд трибјун“. Киднаперката потоа го однела на Источниот Брег, каде што бил вдомен кај двојка која го воспитала како свој син, како што ракажува Алекин.

– Во јуни, Албино повторно се споил со своето семејство во Калифорнија. Мајката на Албино, Антонија секогаш го спомнуваше Албино, сѐ до нејзината смрт во 2005 година. Таа чуваше и исечок од весникот од напис за неговото киднапирање во нејзиниот паричник, а фотографијата на Албино висела закачена во дневната соба. Таа секогаш имаше надеж дека тој ќе се врати дома, се потсеќа Алекин.

Во 2020 година, Алекин направила ДНК-тест, што подоцна покажал 22 отсто совпаѓање со човекот за кого се покажа дека е нејзиниот одамна изгубен вујко.

– Почнав да ги именувам сите браќа и сестри на мајка ми, па кога стигнав до најмладиот – Луис, бебето, се сепнав сред реченица, додаде внуката.

Така почнала потрагата која кусо потоа ја презеле и надлежните власти. На крајот и негово ДНК-тестирање го докажало неговиот идентитет, по што следеле „силни прегратки и солзи, како и долги седенки и разговори“ на повторното семејно спојување на Западниот Брег, вели Алекин.

Братот на Албино, Рогер почина набргу по таа средба летово. Албино планира уште една посета на Калифорнија следната година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.