НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватска бара 10 милиони евра од ЕУ за штетите од сушата

0
By Marija Todorovska on September 23, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Загреб:  Хрватска денеска ќе побара помош од кризниот фонд на ЕУ за земјоделците, со цел надомест на дел од штетите предизвикани од сушата, кои се проценуваат на најмалку 270 милиони евра, изјави државниот секретар во Министерството за земјоделство, Тугомир Мајдак.

Мајдак, кој денеска учествува на состанокот на Советот за земјоделство и рибарство во Брисел, изјави дека сушата оваа година ги погодила земјоделците кои одгледуваат житни и маслодајни култури, пред сè пченка, сончоглед и соја, на површина од над 270 илјади хектари. Штетите на тие посеви се проценуваат на 50 до 70 отсто, а кај шеќерната репка, најинтензивната полјоделска култура, приносот се очекува да биде само 20 отсто, што значи загуба од 80 отсто. Освен сушата, земјоделците пролетва беа погодени и од други елементарни непогоди како град и мраз, при што страдаа и полјоделски и градинарски култури, овоштарници и лозја.

– Поради тоа, Хрватска денеска ќе побара активација на кризниот фонд, кој често се активираше во минатото, рече Мајдак.

Во рамките на Заедничката земјоделска политика на ЕУ постои кризен фонд во износ од најмалку 450 милиони евра годишно. Тие 450 милиони евра се наменети за сите 27 земји членки, а Хрватска очекува, заедно со националните средства, земјоделците да добијат околу 10 милиони евра. Хрватска минатата година исто така ја активираше кризната резерва за растителното производство и доби околу 10 милиони евра.

Министрите за земјоделство на нивниот редовен месечен состанок во понеделник ќе разговараат за двегодишната имплементација на стратешките планови во рамките на Заедничката земјоделска политика.

– Хрватска се залага за поедноставување на Заедничката земјоделска политика и за побрза и поефикасна исплата на средствата, како во однос на инвестициите, така и за директните плаќања по хектар или по грло добиток, додаде Мајдак.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.