СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во спор за тоа кој е виновен што во Собранието е заглавен Законот за бранители.
Изет Меџити во интервју за Радио слободна Европа јасно кажа дека постои коалициски договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН Законот за бранители „да остане заглавен“. По ова признание на Меџити, ВМРО-ДПМНЕ наивно мисли дека може некако да се спаси затоа што ги излажаа бранителите на кои им ветуваа поддршка, соопштуваат од СДСМ.
Токму Претседателот на Собранието, Африм Гаши, инаку коалициски партнер на Мицкоски, се вели натаму во објавата, се уште одбива да ја свика надлежната Комисија и да го стави на дневен ред Законот за бранители ако има обврска согласно Деловникот.
Пратеничката група на СДСМ веќе упати писмо до претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кое регира за ова непостапување за Законот за бранители.
Зошто сега ВМРО-ДПМНЕ сака да го спаси Гаши од одговорност и повторно да ја врати постапката назад?
Нема потреба од очајни маневри, многу е едноставно. Наместо да коленичи Мицкоски нека го повика Гаши да ја свика комисијата и да го почитува собранискиот деловник.
Носењето на Законот за бранители зависи од ВМРО-ДПМНЕ која има мнозинство во Собранието, стои во партиската објава.