НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски: Следните неколку месеци ќе бидат одлучувачки во оваа војна

0
By Zoran Ivanov on September 23, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Следните неколку месеци ќе бидат одлучувачки за војната меѓу Русија и Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски по повод добивањето на Златната плакета што му ја врачи Американската академија за достигнувања.

Американската академија за достигнувања 60 години го препознава придонесот за развојот на човештвото со наградата Златна плакета. За генијалност, која може да се реализира само во услови на слобода, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс.

Тој нагласи дека на Украина и останува малку време да го одреди исходот од војната.

Немаме многу време. Следните неколку месеци ќе бидат одлучувачки за оваа војна, војната на Русија против Украина и сите вас, бидејќи тоа е војна на Русија против самата слобода. Имаме малку време да одредиме каков ќе биде нејзиниот исход, и тоа мора да го одредиме – не Русија, ниту нејзините крвави сојузници, не треба да ги загубиме следните неколку месеци во војната, нагласи Зеленски.

Тој истакна дека Украина веќе има План за победа.

-И го презентирам овој план на Америка: претседателот Џозеф Бајден, Конгресот, претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп и сите наши глобални партнери. Верувам дека тоа ќе биде наше заедничко достигнување заради слободата, без никакви компромиси на сметка на слободата, рече Зеленски.

Обраќајќи им се на учесниците на церемонијата, тој исто така истакна дека „денешниот свет не ни дозволува да изгубиме ниедна битка, кога на едната страна е слободата, а на другата е сето она што никогаш не би го посакале за нашите деца“.

На сите ни треба победа. И сите знаеме зошто, заклучи претседателот на Украина, рече тој.

Посетата на САД Зеленски ја започна со посета на фабриката за муниција „Скрантон“, каде се произведуваат компоненти за артилерија и минофрлачки гранати, пренесе Укринформ.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.