НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога партијата е над државата, прашање на време е кога ќе ја снема државата

0
By Marija Todorovska on September 24, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Анонимното предупредување за кое денес јавија медиумите, дека се подготвува кадровско-партиски упад во безбедносните структури на Северна Македонија – мора да биде сфатено сериозно.
ВМРО-ДПМНЕ и предизборно најави дека има за цел спојување на АР и АНБ. Тоа подразбира и одвојување на изворна надлежност на претседателот на Републиката и нејзино концентрирање во Владата, односно премиерот и владејачката партија
Ивон Величковски
Кога партијата е над државата, прашање на време е кога ќе ја снема државата. Бидејќи ниту економијата ниту безбедноста ниту меѓуетничките односи не може да бидат партиски контролирани.

Затоа, мора да го пресретнеме процесот на девастирање на Северна Македонија како процес на уништување на нацијата и, низ него, на македонскиот народ.
Јасна е врската меѓу неуспехот на Владата во економијата со конфликтноста во надворешната политика и форсирањето штетни проекти во транспортот, енергетиката, безбедноста.
Оттука, анонимното предупредување за кое денес јавија медиумите, дека се подготвува кадровско-партиски упад во безбедносните структури на Северна Македонија – мора да биде сфатено сериозно.
ВМРО-ДПМНЕ и предизборно најави дека има за цел спојување на АР и АНБ. Тоа подразбира и одвојување на изворна надлежност на претседателот на Републиката и нејзино концентрирање во Владата, односно премиерот и владејачката партија.
Последично, низата (само)омаловажувања на Силјановска-Давкова беа и ќе бидат употребливи за ВМРО-ДПМНЕ.
Со промашениот инаугуративен говор, самопоканувањето во Софија, спорното етно-партиско наместо кариерно назначување началник на Генералштабот на АРСМ… Силјановска-Давкова прерасна во лице во Вила Водно задолжено за постапување по кадровско-партиски координати на Белата Палата – концентрирајќи ја моќта во премиерот и ВМРО-ДПМНЕ. За што впрочем и беше номинирана.
Втемелена на историја од пред два века, ВМРО-ДПМНЕ е принудена на концептот на етно-партиски монопол над државата, бидејќи без таквиот монопол ВМРО-ДПМНЕ ја губи визурата на етно-партиски “застапник” на Македонците и, со тоа – и смислата на партиското постоење.
Оттука, ВМРО-ДПМНЕ доктринарно е спротивставена на постоењето на нацијата на Северна Македонија.
Подлабоко, причината за тоа е зависноста на ВМРО-ДПМНЕ од југо-македонистичката илузија за моноетничка, монорелигиска, монојазична нација срочена во фабрикатите на југословенските служби од крајот на 1980-тите и раните 1990-ти од типот “Чиста Македонија”, “Бугари-Татари”, “Грци-Цигани”, “Шиптари”.
Оти само додека таквата илузија постои Македонците може да “зависат” од тоа како ВМРО-ДПМНЕ “ја брани чистата, православно-кирилична, античко-словенска нација”, која Милошевиќ ја проектираше во Србија во соработка со СПЦ, а Путин ја проектира во Русија во соработка со РПЦ.
Ова ја разјаснува потребата за надворешно-политичка конфликтност кај функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и за спротивставеност кон инструментите на Рамковниот договор кај владините функционери на ЗНАМ.
И иако не ја објаснува сервилноста на ВЛЕН кон таквата политика на Владата, збирно личи дека сето тоа служи за да не се постават незгодните прашања:
– Зошто комплетираниот железнички и автопатски коридор 10, кој уште ги нема исплатено задолжувањата за последните фази на изградба, одеднаш треба да биде обременет со уште 3-4 милијарди евра долг?
– Зошто со ваквата политика Северна Македонија треба да остане екс-ју провинција и економски и инфраструктурно и безбедносно-политички?
– Зошто да не се поврземе со Италија (преку Албанија) и со Турција и Романија (и преку Бугарија) низ коридорот 8?
– За да се гарантира интересот и присуството на Москва и Пекинг преку (Бањалука, Будимпешта) Белград и Скопје во Солун и Пиреа?
– Зошто никој не зборува дека задолжувањата на Скопје кон Пекинг (вклучително најновото виа Будимпешта), заедно со практично “бесцаринскиот” проток на кинеска роба што го уништува домашното производство – дополнително ја деиндустријализира земјата и го уништува животниот стандард со генерации однапред?
Резимирано: Предвидлива е проекцијата за паралелно поклопување на безбедносните служби и на медиумскиот простор од ВМРО-ДПМНЕ во моментот кога Владата ќе постигне фактички прекин на ЕУ-преговарачкиот процес и одвојување на Албанија од “пакетот” со Северна Македонија.
Од тој момент, 2009-15 ќе изгледаат како детска приказна. Со сите последици.
Од Фејсбук ѕидот на авторот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.