Во погрешната политика на ГЕРБ кон Северна Македонија, која е основата на проблемите што ги имаме со оваа земја сега, Захариева е само елемент, инструмент на оваа политика.
По најавата дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја номинираше ексшефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева за европски комесар за стартапи, истражување и иновации, бугарскиот сервис на паневропската новинска мрежа „Еурактив“ објави текст во кој се отвораат прашањата што може да ја саботираат нејзината кандидатура.
Како што пишува „Еурактив“, Захариева одбила да одговори на прашањата што ѝ биле испратени, а за кои се очекува да бидат ставени на расправа пред Европскиот парламент.
Едно од прашања што можат да ја саботираат кандидатурата на Захариева е „Кои се заслугите на Орце Камчев за да биде предложен за почесен конзул и со тоа да добие имунитет од кривично гонење?“.
Како што пишува медиумот, тој тогаш ги контролираше медиумите кои водеа активна антибугарска кампања во корист на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.