НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Папата“ на Мицкоски и Груевски доаѓа во Скопје, премиерот се приклонува на Орбановата страна

0
By Marija Todorovska on September 25, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Орбан е стар пријател и сојузник на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа посета надвор од бизнис и економското значење, во надворешно-политичка смисла, е знак дека ВМРО-ДПМНЕ се приклонува на Орбановата страна наместо на таа на мејнистрим десничарската Европска Народна Партија. Во таа насока оди и поларизацијата со Бугарија и Грција, во која владејачки или водечки партии се токму партии членки на ЕПП, вели Небиу за „Фронтлајн“.

Дестан Јонузи

ВМРО-ДПМНЕ се приклонува на Орбановата страна наместо на таа на мејнистрим десничарската Европска Народна Партија, вели политичкиот аналитичар Бесим Небиу, коментирајќи ја најавената посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Северна Македонија.

– Орбан е стар пријател и сојузник на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа посета надвор од бизнис и економското значење, во надворешно-политичка смисла, е знак дека ВМРО-ДПМНЕ се приклонува на Орбановата страна наместо на таа на мејнистрим десничарската Европска Народна Партија. Во таа насока оди и поларизацијата со Бугарија и Грција, во која владејачки или водечки партии се токму партии членки на ЕПП, вели Небиу за „Фронтлајн“.

Сељадин Џезаири од Балканскиот институт за регионална соработка – БИРС, за „Фронтлајн“ вели досегашното делување на владата на премиерот Христијан Мицкоски ја отвара можноста за зголемување на руското и, патем речено, кинеското влијание во нашата земја.
Запрашан, дали со посетат на Орбан во Скопје се отвораат вратите и за Путин? Џезаири вели дека „Попрво би рекол – за екс-премиерот Никола Груевски!“.

– Но, шега на страна, досегашното делување на владата на премиерот Христијан Мицкоски ја отвара можноста за зголемување на руското и, патем речено, кинеското влијание во нашата земја. При тоа, не го исклучувам и влијанието на соседната Србија, и секако улогата во сето ова на контроверзниот унгарски премиер, Виктор Орбан. Честите патувања на македонските политичари за Будимпешта, како да ми го потврдуваат сомнежот дека владата на премиерот Мицкоски само со зборови е стратешки ориентирана кон европските интеграции, а ги занемарува домашните задачи за да овој стремеж стане реалност, изјави Џезаири за „Фронтлајн“.

Притоа, додава нашиот соговорник, ги имам предвид владините активности на внатрешен план (кога се работи за влошувањето на меѓуетничките односи, при што ги имам на ум расправиите околу балансерот, употребата на албанскиот јазик, и предлог-законот за „бранителите“) и на надворешен: одолговлекувањето на промена на Уставот и стидливата употреба на уставното име на државата од највисоките чинители во земјата.

– Како и да е, дочекот и разговорите со унгарскиот премиер ќе го потврдат или негираат мојот страв дека по неговата посета ќе се отвори уште едно поглавје за тоа каде сме и каде сакаме да стигнеме. Не заборавајќи го при тоа политичко-безбедносниот, геополитичкиот амбиент во кој се наоѓа Северна Македонија и целиот Западен Балкан, подвлече тој.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, заедно со делегација на унгарската Влада, на 26 и 27 септември, ќе биде во официјална посета на Северна Македонија. Во еден од охридските хотели, според најавата, владите на Северна Македонија и на Унгарија ќе одржат и заедничката седница.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и премиер Христијан Мицкоски важат за блиски со Орбан и неговата партија Фидес.

Набргу по формирањето на Владата во Скопје во јуни, за време на самитот на НАТО во Вашингтон што се одржа во првата половина на јули, Мицкоски со Орбан договори Северна Македонија да земе кредит од Унгарија во висина од 500 милиони евра. На 17 септември законот за унгарскиот кредит беше изгласан и во Собранието.

Во Унгарија се наоѓа и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски. По паѓањето од власт, додека во земјава се водеа повеќе судски случаи против него, Груевски во ноември 2018 година избега во Будимпешта каде доби политички азил.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.