НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски во ООН: Путин планира да ги нападне и нашите нуклеарни цнтрали

0
By Zoran Ivanov on September 25, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН во Њујорк рече дека нуклеарната безбедност игра клучен дел од „формулата за мир“ што тој ја претстави.

Според него, рускиот лидер Владимир Путин бара начини да го „скрши духот на Украина“, вклучително и таргетирање на енергетската инфраструктура на неговата земја со намерни руски напади врз украинските електрани и целата енергетска мрежа.

Русија ги уништи сите наши термоцентрали и голем дел од нашите хидроцентрали. Вака Путин се подготвува за зимата, надевајќи се дека ќе измачува милиони Украинци… Путин сака да ги остави во мрак и да ја (натера) Украина да страда и да се предаде, рече тој.

Претседателот на Украина вели дека неодамна добил извештај дека Путин планира да ги нападне нуклеарните централи и инфраструктурата во земјата. Зеленски предупредува дека секој напад со проектили или беспилотни летала или кој било критичен инцидент во енергетскиот систем на Украина може да доведе до „нуклеарна катастрофа“, додавајќи:

Таков ден никогаш не смее да дојде… Тоа се нуклеарни централи. Тие мора да бидат безбедни.

Тој додава дека ако Русија предизвика нуклеарна катастрофа во една од нашите нуклеарни централи, радијацијата нема да ги почитува државните граници.

Зеленски вели дека украинскиот народ е тој што ги трпи последиците од руската војна – украинските деца се тие кои „учат да ги разликуваат звуците на различни видови артилерија и беспилотни летала“.

Украинскиот народ е тој што беше разделен со сила затоа што Владимир Путин одлучи дека може да прави што сака“, рече украинскиот лидер.

Тој вели дека секој светски лидер кој ја поддржува Украина разбира дека Русија сака повеќе територија што е лудо и работи на заземање повеќе земја.

Зеленски рече и дека секоја соседна земја на Русија во Европа и Централна Азија знае дека „војната ќе дојде и до нив“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.