Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Моралната осаменост во времето на политички хаос

0
By Zoran Ivanov on September 26, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 26, 2024 18:26

Во Северна Македонија нема обединување околу некоја прогресивна идеологија. Европската интеграција сè повеќе се валка и презира, а наместо неа, се зајакнува чувството на припаѓање на деструктивни социо-политички идеологии, како што е екстремизмот.

Џелал Незири

Чувството на целосна осаменост и изолација води до ментално распаѓање, исто како што гладот води до смрт, вели познатиот германски психоаналитичар Ерих Фром во својата книга „Бегство од слободата“. Според него, оваа врска со другите не е исто како физичкиот контакт. Фром вели дека еден поединец може да биде сам физички многу години по ред, но да не се чувствува осамено бидејќи може да биде поврзан со идеи, вредности или барем социјални модели кои му даваат чувство на духовна комуникација и „припаѓање“.

Од друга страна, нагласува Фром, човек може да живее меѓу луѓе, но сепак да се чувствува осамено, бидејќи не го има тоа чувство на припаѓање на група која споделува одредена идеологија. Или идеја и идеал за постигнување совршенство.

Овој вид осаменост, оваа недостиг од врска со вредности, симболи и социјални модели, Фром ја нарекува морална осаменост. Моралната осаменост, пишува Фром, е исто толку неподнослива како и физичката осаменост. Физичката осаменост, според него, станува неподнослива само кога истовремено подразбира и морална осаменост.

Поради социјалниот модел и начинот на живот кај нас, повеќето луѓе немаат проблем со физичката осаменост. Но, моралната осаменост е тоа што ги прави луѓето да се чувствуваат осамени. И оваа осаменост често доведува до бегство во развиени земји со консолидирани демократии и институции, каде што сите граѓани ги обединува идеологијата за праведна и еднаква држава, каде што може да се живее во слобода и со достоинство.

Во Северна Македонија нема обединување околу некоја прогресивна идеологија. Европската интеграција сè повеќе се валка и презира, а наместо неа, се зајакнува чувството на припаѓање на деструктивни социо-политички идеологии, како што е екстремизмот. Политичката сцена во Северна Македонија станува сè покомплицирана. Многу партии, уште повеќе фракции, многу повеќе лични и групни интереси. Не се знае кој е опозиција, а кој власт. Се игра голем театар, чии сцени се затвораат со завеси на неказнивост и гломазни злоупотреби. Оваа мешаница, се разбира, не поттикнува чувство на припаѓање – напротив.

Ова не е време на чесни луѓе. Таквите се соочуваат со длабока морална осаменост, иако се опкружени со луѓе. Разочарани и измамени од луѓето кои ја гледаат политиката како магичен инструмент за брзо богатење, тие имаат чувство дека не припаѓаат никаде. Додека нема конструктивна идеологија која го фокусира човекот и неговата благосостојба, овие луѓе ќе ја чувствуваат неподносливата осаменост во идеите и идеалите за општото добро.

Фром вели дека првата мисла на човекот е да има пријател во својата судбина. Има многу луѓе кои завршуваат во деструктивни идеологии, како што беше случајот со нацизмот, мислејќи дека таму нема да ја имаат моралната осаменост.

Во Северна Македонија, сепак, има луѓе кои бараат позитивни промени, реформи и функционална држава. Повеќето од нив не ја нашле платформата, местото или можноста да се здружат во патувањето кон истата благородна цел. Оваа ситуација може и треба да се промени. Колку побрзо, толку подобро!

Текстот е сопственост на Индекс 7.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.