Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како останавме булки крај шините: Збогум ЕУ

0
By Zoran Ivanov on September 27, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 27, 2024 09:42

Јас со време напишав дека премиерот број 13 нема зошто да се грижи за својата иднина, бидејќи ќе поведе земјата со полна пареа – назад, кон минатото. И за време на изборната кампања, а уште повеќе по воспоставувањето на владата, стана јасно дека е време да се збогуваме со ЕУ.

Џабир Дерала

Операцијата полека се заокружува. Сега може да се очекуваат сите сценарија за дестабилизацијата – за која со месеци говорат премиерот и неговиот адвокат на привремена работа како министер за внатрешни работи – ќе се остварат делумно или целосно, во комбинација или меѓусебна конкуренција, сеедно. Едно е сигурно – ниту едно сценарио нема добра завршница. Барем така стојат работите пред истекот на првите сто дена влада на Мицкоски.

Конечно, може со сигурност да се потврди дека премиерот Мицкоски нема никаква намера да ја води земјата кон ЕУ. Неговиот постојано незауздан и кавгаџиски тон, овојпат и со изјавата за медиумите по повод веста за освојувањето на Албанија од ЕУ пакетот со Северна Македонија, го покажува тоа.

Наративот со кој настапува Мицкоски е едноставен, лишен од факти и аргументи – заснован на ставот „земи или остави“ и „свака роба има свога купца“, со бескрајното повторување дека тој има „кичма“, а тие пред него немале. За „диктати“ не, благодарам – се досетува тој, па и тврди дека е „вљубен“ во европските вредности и дека токму тој на Европа ѝ нуди „европски пристап“.

Тој државата ја третира како невеста, која нема ниту успешна кариера, ниту е расположена да биде добра домаќинка, не е нешто посебно богата, а не е ни убавица – но се однесува како сите пожелни беќари на светот да се тепаат да ја запросат.

Мицкоски, кој редовно ја истакнува својата академска титула и дека е добар математичар, самоуверено и премногу лесно преминува преку ноторни факти, ја искривува политичката реалност во земјата и целосно го занемарува регионалниот и глобалниот контекст. Тоа го прави со таква леснотија што веќе одамна е сомнително – еве, да не бидам категоричен и да не заработам и трета тужба од него за помалку од една година – како да оди по некоја поинаква политичка патека во спротивна насока од Брисел и Вашингтон.

За наивните или оние што сакаа да му дадат fair shot на премиерот да покаже што умее и колку е проевропски ориентиран, сега веќе нема дилеми (не би требало). Лидерот на македонските националисти, на чело на влада со огромно парламентарно мнозинство, ја запечати судбината на државата: надвор од ЕУ.

Јас со време напишав дека премиерот број 13 нема зошто да се грижи за својата иднина, бидејќи ќе поведе земјата со полна пареа – назад, кон минатото.

И за време на изборната кампања, а уште повеќе по воспоставувањето на владата, стана јасно дека е време да се збогуваме со ЕУ.

Тоа стана очигледно уште додека Мицкоски примаше комплименти и поддршка од западните дипломати (не од сите) во земјата. Да, некои дипломати на јавна сцена го поздравуваа како „мојот пријател“ и беа задоволни што тој го изговори уставното име на државата барем во премиерската заклетва (и никогаш повеќе, што е спротивно на Преспанскиот договор). Добро, се разбира, тој прима плата и се потпишува на кинескиот кредит (виа Будимпешта) на документи каде што стои уставното име, но „го користи своето човеково право“ да не го изговори. Многу јака фора, нема што.

Да заклучиме. „Логиката“ со која се служат десничарските популисти и автократи ширум светот е како за деца од градинка. Така и „нашиот горд“ Мицкоски. Тој креира тотално impasse со ЕУ.

Тоа што Брисел го нарекува преговарачка рамка, тој го нарекува „диктат“, а на тоа го надоврзува и својот „горд“ наратив дека не го прифаќа. Целосно неточни се основите врз кои го гради својот наратив, но кому денес му се важни фактите!?

Едноставно е. Сите настани укажуваат на тоа дека времето за обединување околу европските вредности и напредокот кон ЕУ се веќе минато. Она што останува е самоуништувачкиот пат на популизмот и национализмот кои, иако навидум се силни и решителни, во себе кријат длабока несигурност и неспособност. На крајот, останува само фактот дека тие суштински ја изолираат земјата и ги уназадуваат нејзините демократски и економски перспективи.

Ако продолжиме вака (а сигурно ќе продолжиме), последиците нема да бидат само политички, туку и историски – срамни белези во историјата на една држава која еднаш беше на чекор до исполнување на својот голем европски сон, а заврши неславно, во кошмарот на изолацијата, несигурноста и авторитаризмот.

Текстот е сопственост на ЦивиМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.