Џабир Дерала: Тоа што Брисел го нарекува преговарачка рамка, тој го нарекува „диктат“, а на тоа го надоврзува и својот „горд“ наратив дека не го прифаќа. Целосно неточни се основите врз кои го гради својот наратив, но кому денес му се важни фактите!?
Едноставно е. Сите настани укажуваат на тоа дека времето за обединување околу европските вредности и напредокот кон ЕУ се веќе минато. Она што останува е самоуништувачкиот пат на популизмот и национализмот кои, иако навидум се силни и решителни, во себе кријат длабока несигурност и неспособност. На крајот, останува само фактот дека тие суштински ја изолираат земјата и ги уназадуваат нејзините демократски и економски перспективи.
Ако продолжиме вака (а сигурно ќе продолжиме), последиците нема да бидат само политички, туку и историски – срамни белези во историјата на една држава која еднаш беше на чекор до исполнување на својот голем европски сон, а заврши неславно, во кошмарот на изолацијата, несигурноста и авторитаризмот. Линк