Добро би било да дознаеме и зошто некои луѓе во Македонија беа судени за шпионажа во корист на Унгарија и каква е денес соработката на службите на тој план.
Ѓорѓи Спасов
Кога веќе Орбан е тука, во пријателска посета мислам дека редно би било да се праша за азилот на Никола Груевски. Треба да знаеме дали Орбан и Унгарија и по промената на власта овде сметаат дека Груевски е изложен на политички прогон и му е даден азил затоа што Унгарија смета дека овде не може да добие фер судење, и што планира Унгарија понатаму со него
Добро би било да дознаеме и зошто некои луѓе во Македонија беа судени за шпионажа во корист на Унгарија и каква е денес соработката на службите на тој план.
И на крајот, како тоа Орбан бил против разделувањето на Албанија и Македонија на патот кон ЕУ а неговот амбасадор гласал за тоа да се случи.
Од фејсбук ѕидот на авторот