Вашингтон: Копретседавачите со конгресната група за македонските Американци во Преставничкиот дом, претставија двопартиска резолуција со која се повикува септември да биде прогласен за месец на македонско-американското наследство.
Резолуцијата поддржува да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци и нивниот придонес за САД.
Лиса Меклејн, републиканка од Мичиген, Клаудија Тени, републиканка од Њу Џерси, Деби Дингел, демократка од Мичиген и Брендан Бојл, демократ од Пенсилванија, изјавија дека Северна Македонија е значаен стратешки партнер и клучен сојузник на САД на Балканот и оти „со векови, Македонците емигрирале во Америка за да го отфрлат јаремот на комунизмот и да ја прифатат слободата да го остварат американскиот сон“.
Проценките се дека денес има околу 500.000 граѓани со македонско потекло кои живеат во САД, најголем број од нив во сојузните држави Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Охајо, Индијана, Илиноис, Пенсилванија, Флорида, Тексас, Аризона и Калифорнија.