НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Времер за романтика

0
By Zoran Ivanov on September 29, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Место да лелекаме над злата судбина неевропска, да губиме тони драгоцена општествена енергија во мољакања на бело европски параспури, предлагам да си се свртиме кон себе. Знаете ли колку работа има во секој суртук од нас?

Виолета Софкаровска

Три дена не моем да си дојдам на себе.

Пак ја утнавме работава. И западниот сосед не прешиша на посакуваниот пат кон светлата европска иднина. Си остануваме во матниов жабарник, ќе си се прпелкаме како риби на суво, ќе се глодаме меѓу себе, ќе џапаме што може да џапнеме и цврц – дошла менопаузата, андропаузата, дошло времето за пензија…

Значи, не прцаат на долго и на широко, а ние и натаму, како Пепелашка – со крпен фустан сакаме да се убутаме у дворецот, на балот!

Не, бе, благочестиви патриоти и мили чеда!

Време е да си ја кренеме главата, да се сетиме дека сме потомци на славни историски фаци, кои што умирале со последниот куршум за себе, ама си стоеле на зборот дека никогаш нема живи да му се предадат на клетиот душман…

Ние сме понежни во снагата и во умојте, немаме сабји и револвери, пушки берданки и останати оружја. И си ја цениме душичката, не ни се испушта така за безвезе.

А и никој не не држи на нишан, официјално.

Ама, сепак, можеме и ние да бидеме херои на ова, на нашево време.

Како?

Просто!

Место да лелекаме над злата судбина неевропска, да губиме тони драгоцена општествена енергија во мољакања на бело европски параспури, предлагам да си се свртиме кон себе. Знаете ли колку работа има во секој суртук од нас?

А, бе, прво метла да заигра. Да си ги изметеме овие 25 илјади квадратни километри, да го собереме ѓубрето, да направиме културни ќенефи во секој дом, да искосиме тревишта од запустените дедови ниви, да си насадиме за јадење, за пиење, да обереме, да ожнееме, да не просиме брашно од комшииве….

Е, да, да ја научиме и таблицата множење, да научиме да собираме и одземање и без дигитрон. Срамота е бе, дечки, вакви обелени у главите, да не знаеме да собираме и одземаме стотки и илјадарки.

Не ме прашувајте од каде знам. Цела вечер се опраам со возрасни персоналитети, со големи школи завршено, со дипломи, ама тешко им оди собирањето на ситни пари.

Значи, куќата се почнува од темелот, не од чатијата…

Со други зборови, забришете ги огледалцата во кои што се гледате!

Од Фејзбук ѕидот на авторката

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.