Заклучокот е дека ова е отприлика победа на ксенофобијата иако да се надеваме дека екстремната десница нема да успее да направи влада.
Ида Протугер
Зошто очекувано? Анкетите долго време покажуваат тренд на раст на популарноста на оваа партија на која централната точка и е антиимигрантска политика.
Дополнително, од психолошка и комуникациска гледна точка, пораките на оваа партија на предизборните плакати беа: “единствени на ваша страна” и ги комуницираа потребите на граѓаните, дека некој ги слуша и ќе им ги задоволи антиимигранските потреби. Што е популизам, но очигледно огромен дел од гласачите се на тоа ниво на зрелост. И тука е разочарувањето.
Пораката на социјалистите беше “Демократијата бара искуство и одговорност”. Порака која комуницира дека демократијата е заедничка вредност и потреба. Што очигледно не е, бидејќи според гласовите се на трета позиција.
Народната партија комуницираше само личности и на плакатите го немаше ни логото, очигледно во обид да се заборави Курц, што не се покажа лоша стратегија бидејќи се на второ место според гласови.
Зелените истапија со слоган “Разум и доверба” што комуницира кредибилитет, но клучната тема “Клима или криза” очигледно не ги искомуницирала потребите на доволен број гласачи бидејќи неолибералите ги истиснаа на петто место.
Заклучокот е дека ова е отприлика победа на ксенофобијата иако да се надеваме дека екстремната десница нема да успее да направи влада.
П.с. Имаше поплави пред три неделии штетите ќе се санираат долго. Што наметнува дека климатските промени и тоа како се тема. Но очигледно поневажна од тоа да си одат мигрантите. И тоа не сите мигранти, бидејќи екстремната десница на пример ги сака Балканците. Но тоа е др тема.
Од Фејзбук ѕидот на авторката