НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каде ви е визијата … море ееејјј?

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На пример, дали е точно дека хотелите Холидеј ин, Турист, Бристол, Водно, Јадран (Арапска куќа), Карпош, Сарај и Белви … деновиве се предмет на купопродажба од страна Фатмир Етеми? Точно ли е …? Плус рестораните Пивница, Лондон и Македонија … И сетоа тоа обединето во „Македонија Турист„! Дали е точно …? А ние чекавме Хајат, Краун плаза или Фор сизан да дојдат … Знаете што? Тие ке дојдат секако … Ама нема Доне да ги донесе, туку Фатмир …!? Ако е точно тоа што слуашаме низ деловните кругови, секако … Јас немам ништо против … Но, немојте бре вие од коморите со се политичарите да плашите народ со „албанизација„ неможејки да се помирите со поразите и неспособноста!

Љупчо Зиков

Македонија таа 1999 година, кога на 24 септември излезе првиот број на Капитал, беше речиси десет години утепана од почетоците на транзицијата, и скандалозните и штетните политики и проекти. Како што на пример, беше македонската нашироко во светот анализирана, толкувана, но и исмевана приватизација. Посебно ја издвојувам македонскатаприватизација во овој текст од причина што на неја лежи поентата за тоа што сакам да кажам тука денеска.

За оние по долината на Вардар што имаат малку подолго паметење, да потсетам дека целата таа деценија помина во разни инциденти мегу македонските и албанските политичари и нивните „војски„! Бомби, гостиварски настани, универзитети, педагошки ….

Но, од денешна песпектива излегува дека големите скандали во голем дел од приватизацијата, и социјалната свера на живеење беа прикривани со разни конфликти на политичката сцена во духот „Македонците не смеат да дозволат Албанците да ја поделат земјата, или, не дај боже да ја лапнат цела„! Албанските политички лидери ги бојкотираа процесите во државата. Фрустрацијата постоеше.

Арбен Џафери во еден приватен разговор ми рече: „Зиков не очекувајте лојалност кон Албанците. Ти пишуваш за економија … Кажи ми една фирма приватизирана од Албанец. Наместо тоа имате стотина алчни, а голтари, собрани околу вашите политичари кои земаа, а повеке од нив и искрадоа, се што можеше … Албанците гледаа од трибините„.

Така почна да се создава тој губитнички менталитет и кај Македонците и кај Албанците. Дека Албанците кај и да е ке удрат … Токму тука беа првите корени на „мејнстримот„ за албанизацијата на Македонија која демек следи, а која своето крешчендо како „индуциран страв кај Македонците„ се случи со конфликтот во 2001!

Но, како што видовме „албанизација не се случи„ … Мед и млеко течеше во коалиционите влади на едните и другите во годините од тогаш до денес.

Но, Македонците го „лижеа тоа лижавче„ наречено „опасност од албанизација„. Процесите на приватизации си врвеја, низ македонските компании, банки. Местата на реалната моќ ги превзедоа малку способни, а многу неспособни поединци, елити и фамилии. На еден крајно бизарен начин ги уништија тие економски системи, претворајки ги во куп згради за рентање, а многу од нив ниту тоа не го направија туку едноставно ги затворија, за да денес евтино продаваат само некретнини, а не и бизнис.

МН: Што добивме денес?

Денес се прашувам – Што се смени во Македонија за целиот овој период од две опол децении, од формирањето на Капитал во 1999 до денес? Одговорот е – ништо, драги мои? Освен што македонските компании од времето на приватизацијата чии сопственици беа одлични ментори на македонските политички лидери долги години, а за возврат цицаа тендери од Буџетот и ништо не работеја во реалниот сектор, немоќни да прават бизнис во поширокиот регион на Балканот и Европа за таквата состојба прибегнаа повторното кон тезата дека „албанизацијата„ е виновна за тоа, и дека СДСМ премногу му дал на ДУИ!!! И така, Македонците демек ја губат државата!?! Се разбира таа „хипотенуза„ (што би рекол едно мое другарче на зезање) беше одлично пречекана од ВМРО ДПМНЕ и тие на последните избори прокнижија 450.000 гласови. Одлично за нив. Но, што се смени … До каде сме со „албанизацијата„?

ВЛЕН одлично се согласува со ВМРО ДПМНЕ (и повеке од тоа), и темата за „албанизација„ се разбира исчезна.

Сите умни веке разбираат дека „албанизацијата на државата„ е добро погонско гориво за држење на граѓанството во мрак. Откако сватија дека „албанизацијата„ како предизборна реторика е опасна тема ја прекрстија во дуизација, демек СДСМ му дал премногу простор на ДУИ. Кај и да е и ДУИ ке влезе во Владата и таа теза ке падне!?

МН: „Албанизација„ …Како да не!

Иако јас не сум тој крој, националист и ксенофоб, и не сум заробен во тие националистички шинели) … значи ако веќе зборуваат на ваков начин, тогаш мојата порака е дека „албанизацијата„ на државата нема да ви се случи преку политиката драги мои. Политичарите од двата етнички блока многу добро се разбираат додека народот пие евтина ракија, мези подрасипана зелка од кваташки, и меле за тоа што Албанците им подготвуваат на Македонците! Не, тука нема тема ….

Но, ако сакате така, тогаш оваа расипана теза наречена „албанизација„ ви се случува веке, зарем не гледате? Каде? Во бизнисот … На теренот … Кај истите тие што силно извикуваат „внимавајте албанизација„ и бараат помош фирмите приватизирани во деведесеттите да ги спаси денес државата. Гледајте што се случува во реалниот сектор кај компаниите особено тие што во девдесеттите беа приватизирани од неспособните македонски деловни елити …

Повеке како што гледате на примитивниот руиниран македонски пазар нема разлика дали купува Македонец или Албанец. А секако купуваат повеќе Албанци. Тука играат други правила, а најмногу игра кешот. Што мислите кој ја добива утакмицата …?

Направете анализа што се е купено во последните години од силни албански инвеститори. Кој работи енергетика, кој купува земја и гради стамбени комплекси низ Скопје, кој продава нафта освен Макпетрол? Треба ли да ве потсетувам, дека Соравија е продадена? Можеме слободно да ломотиме за криминал и корупција, но таа е фактички продадена. Темата Соравија е завршена. Некој едно утро ги викнал и продал. Зел пари. Понатаму, погледнете кои се главните инвестири во градежниот сектор, во енергетскиот сектор, во нафтениот сектор? Кој седи во надзорните одбори на македонските најголеми банки …

На пример, дали е точно дека хотелите Холидеј ин, Турист, Бристол, Водно, Јадран (арапска куќа), Карпош, Сарај и Белви … деновиве се предмет на купопродажба од страна Фатмир Етеми? Точно ли е …? Плус рестораните Пивница, Лондон и Македонија … И сетоа тоа обединето во „Македонија Турист„! Дали е точно …? А ние чекавме Хајат, Краун плаза или Фор сизан да дојдат … Знаете што? Тие ке дојдат секако … Ама нема Доне да ги донесе, туку Фатмир …!? Ако е точно тоа што слуашаме низ деловните кругови, секако … Јас немам ништо против … Но, немојте да плашите народ со „албанизација„!

Кој ви го инвестираше Ист Гејт? Балфин од Тирана секако … Го урнавте Скопски саем, се килавевте низ тоа коморите со години не знаевте што да му правите. Го урнавте, а нов не изградивте. За да го дадете за стоковна куќа и згради… И низ коморите да расправате дека Македонците се на удар на „албанизацијата„! Зградата на Технометал за евтини пари ја продадовте ако не се лажам на Буши?

И зошто правите политичка тема каде ја нема …? Тоа е неспособност и немоќ. Така се вика тоа, а не албанизација.

Имаат имот евтино стекнат со „менаџмент бај аут„ моделот, а сега евтино ке продадат. Иако за нив ке биде супер. Дојдоа од никаде во почетокот на деведесеттите без знаење, кое не го стекнаа ниту во годините откако приватизираа. Се изгубија. Секоја чест на десетина многу успешни акционерски друштва, предводени од вистински конкурентни лидери. Малку од нив се конкурентни и на поширокиот балкански и светски пазар. Сепак, најголемиот дел од нив се „јад и чемер„, кои виновникот за колосалниот пораз го гледаат во секого и во сешто, само не кај себе.

Малодушно здружени во разни комори, испреплетени како црева во разни интереси, доволни сами за себе во тесните коморски одаи станаа лесна мета и неотпорни на кешот што неминовно следуваше. Така немоќни, да се оправдаат себеси пред поразот прибегнаа кон дежурната тема – „албанизацијата„! На која добро се налепи политиката која секогаш знае тоа да го искористи.

Па СДСМ виновен оти многу им дал на Албанците …

Текстот е сопстевеност на Капитал.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.