На вчерашните парламентарни избори во Австрија победи ултрадесеничарската Слободарската партија ФПО, освојувајќи околу 29 проценти од гласовите.
На изборите гласале 6,3 милиони граѓани или 78 проценти, а во кампањата доминираа прашањата за миграцијата и азилот, економските проблеми и војната во Украина.
Според освоените гласови ФПО би требало да има 56 од вкупно 183 пратеници, додека конзервативците би добиле 52, а социјалдемократите 41 пратеничко место.
Но, дали ФПО ќе најде партнер за формирање на стабилна коалиција останува отворено прашање, бидејќи лидерите на партиите не се расположени за соработка со партија со нацистичка идеологија.
ФПО е формирана во 50-тите години од минатиот век од поранешни членови на СС и други нацистички ветерани, а предизборната кампања беше насочена кон странците, ветувајќи дека ќе изгради „тврдина Австрија“ за да ги спречи мигрантите.
Лидерот на ФПО, Херберт Кикл им вети на гласачите дека ако му ја дадат победата, тој ќе служи како нивен „Волксканцелар“ (Volkskanzler) или „народен канцелар“, прекар што го користел Адолф Хитлер.