Заменик-шефот на Хезболах, Наим Касем на почетокот на обраќањето рече дека групата изгубила брат и водач кога Израел го убил Хасан Насрала.
Тој изрази сочувство до семејствата на сите загинати во истиот напад.
„Тој беше сакан од народот“, рече заменик-шефот на Хезболах.
Касем вели дека израелските сили убиваат и масакрираат цивили. „САД се партнер на Израел, преку неограничена воена поддршка – културно, политички, финансиски“, рече тој.
Ние сме сосема подготвени доколку Израелците сакаат копнена инвазија, силите на отпорот се подготвени за тоа. Се подготвивме и сме подготвени. Непријателот на Израел нема да ги постигне своите цели, рече Касем.
Ова е прво јавно обраќање од високо ниво на Хезболах откако лидерот Хасан Насрала беше убиен во израелски напад.