Кијив: Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак изјави дека украинскиот план за победа, кој претседателот на таа земја Володимир Зеленски му го претстави на американскиот претседател Џо Бајден минатата недела, ќе им биде претставен на Украинците, но само делумно затоа што има делови кои се доверливи.
Ова е план на претседателот и секако, како што вети, по презентацијата пред претседателот на САД и партнерите, мислам дека планот ќе им биде претставен на Украинците, рече Јермак.
Сепак, тој посочи дека има делови од планот кои се многу чувствителни и доверливи. Јермак изјави дека сè што ќе излезе во јавност се слуша не само во Украина, туку и од непријателот.