НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

100 дена Влада – 100 дена дестабилизација на Македонија

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Просто е неверојатната издржливост на овој народ, секоја индивида која живее овде, е достојна за почит и сигурно ќе биде запишана во сите антрополошки енциклопедии, а може ќе се изучува и во подотовките на сите survival TV reality show.

Се разбира, никој нормален не ги третира сериозно оние комични, па дури можеби и намерно потсмевачки кон народот „мерки“ со кои се намали цената на фломастерите и лебот за 1 денар.

Тони Науновски

Во поновата историја на Македонија немало потежок период за преживување од изминатите 100 дена со овој режим, оваа власт на мицковистичко ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Во сите димензии на функционирањето во светот на животот обичниот народ се соочува со пропаѓање кое секојдневно директно го доживува на своја кожа, во својот живот, и допрва ќе го доживува ако не започне со демократски протести за предизвикување на нови избори.

Просто е неверојатната издржливост на овој народ, секоја индивида која живее овде, е достојна за почит и сигурно ќе биде запишана во сите антрополошки енциклопедии, а може ќе се изучува и во подотовките на сите survival TV reality show.

Самиот режим е фактор на дестабилизација на оваа држава – власта всушност секојдневно континуирано ја дестабилизира Македонија. Самото постоење и функционирање против највисоките национални и државни интереси на Македонија на овој режим е најголемата и единствена закана за стабилноста на оваа држава!

Во овие мачни и тегобни 100 дена под јаремот на оваа власт ние проживеавме секојдневна прогресивна дестабилизација на нормалноста во сите можни аспекти – од економијата преку драматичниот крај на надежта за подобар живот со интеграција во ЕУ, се до постојана неизвесност за мир поврзан со интеретничките односи и слободата и демократијата.

Драстичното осиромашување на обичниот човек – а тоа се сите оние кои не се дел од режимот на власт, не се тие неколку илјади функционери на режимот – е директно предизвикано од менувањето на парадигмата на економијата која релативно успешно ја практикуваше претходната власт, и тоа среде неколку светски кризи (пандемијата, војната меѓу Русија и Украина). За разлика од СДСМ кои беа концентрирани на обичниот човек, граѓанинот во економскиот систем, оваа власт стана обичен политички слуга на големите компании, на крупниот капитал, воведувајќи некаков хибриден модел на првобитен капитализам насочен исклучиво кон повеќе профит за капиталистите и власта.

Докажано успешните и на светско ниво применувани методи за субвенционирање на сите субјекти во економскиот, производствен и трговски процес со цел крајните потрошувачи – обичните луѓе – да не бидат подложени на енормни поскапувања, режимот кој владее со оваа држава го замени со дерегулација карактеристична за Англија во 19 век, историските времиња на првобитниот капитализам и експлоатација.

Наместо балансирање и законски легитимни државни мерки за скротување на профитерството како што тоа претходната власт го правеше за доброто на обичниот народ, режимот стори се за повеќе профит на компаниите и нескриен послушник на стопанските комори, проследено со висока инфлација, 500-миионско задолжување од друга држава.

Се разбира, никој нормален не ги третира сериозно оние комични, па дури можеби и намерно потсмевачки кон народот „мерки“ со кои се намали цената на фломастерите и лебот за 1 денар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.